„Република“: Не­што смр­ди од гла­ва­та, а ри­ба­та од опа­шка­та

Ро­ден на: 24 октомври 1960 во с. Челопек, Тетовско

Обра­зо­ва­ние:  Правен факултет во Скопје

Про­фе­си­ја: Вртикапа

Уста ли е, па­ри ли се, но не­што овој пат смр­ди од гла­ва­та. Факт е де­ка не­кои ра­бо­ти тре­ба да се сме­нат ко­ре­ни­то, а она што не мо­же да се сме­ни од ко­рен, тре­ба да се за­ме­ни. Со све­жи, не­из­вал­ка­ни и не­оп­то­ва­ре­ни флер­ту­ва­чи, ка­кви што не­ма во мо­мен­тов . За­ев да­де га­ран­ци­ја, а за воз­врат до­би ман­дат и по скоп­ски спу­шта­чи. Во ску­тот на ман­да­та­рот сво­јот мир го гле­да и бе­страш­ни­от лав ис­пра­вен на бра­ни­кот на та­тко­ви­на­та. Одам­на е ур­нат ми­тот за Бра­тот Љу­бе, кој го про­да­ва­ше име­то на др­жа­ва­та пред по­сред­ник на Гр­ци­ја за пре­диз­бор­но фи­нан­си­ра­ње на сво­ја­та пар­ти­ја во 2011 го­ди­на.

По­сред­ни­кот: Са­мо да зна­еш грч­ка­та вла­да е во­о­ду­ше­ве­на од те­бе.

Љу­бе: Да.

По­сред­ни­кот: Сѐ е до­се­га ка­ко што тре­ба, са­мо, мо­лим те Љу­бе, пос­ле тоа са­кам и ти да при­до­не­сеш ствар­но да го ре­ши­ме проб­ле­мот со име­то. Пре­ку гла­ва ни е.

Љу­бе: Јас се­га им ви­кам, го те­пам Ни­ко­ла Гру­ев­ски, му ви­кам ко­го пра­ша ти за Ре­пуб­ли­ка Ма­ке­до­ни­ја Скоп­је… Охри­ѓа­ни­те ги пра­ша, би­тол­ча­ни­те, зна­еш се на­вра­ќам на па­три­от­ска кар­та, за да ги до­би­јам не­го­ви­те гла­со­ви, тој игра на лаж­на кар­та… Зна­еш, ќе им ка­жеш ти на тво­и­те јас се­га ќе глу­мам мал­це лу­ди­ло, за­што Љуб­чо нај­о­тво­ре­но се ли­га­ви, Љуб­чо она што го пра­ви тоа не е до­бро ни за Гр­ци­ја. Јас мис­лам ва­ка – ви­ка мо­ра да се сме­ни име­то Се­вер­на Ма­ке­до­ни­ја, оп­ти­мал­но ре­ше­ние и јас не го ко­мен­ти­рам Љуб­чо. Јас ќе играм се­га на па­три­от­ска­та, и пос­ле ај! Ќе го ре­ши­ме во два де­на со те­бе за­ед­но!

По­сред­ни­кот: Мис­лам се­вер­на е пер­фект­но име, не­ма ту­ка, тоа е еден ге­о­граф­ски по­им што го да­ва са­мо­то име.

Љу­бе: Та­ка де, та­ка е

По­сред­ни­кот: Да би­дам искрен, ни­што не се гу­би.

Љу­бе: Мај­ка­та оста­ну­ва, е се­га мај­ка­та да зе­ме­ла пре­зи­ме при­да­вка се­вер­на, јуж­на, не знам ка­ква ни­ка­ква, де­ка тоа вр­ска не­ма. Тоа да не се се­ки­раш, ту­ка тоа ти га­ран­ти­рам.

По­сред­ни­кот: И за на­ци­о­нал­ност, ед­но­став­но гра­ѓа­ни на Ре­пуб­ли­ка­та.

Љу­бе: Тоа да не се се­ки­раш, ту­ка тоа ти га­ран­ти­рам.

По­сред­ни­кот: Ед­но­став­но гра­ѓа­ни на Ре­пуб­ли­ка­та.

Љу­бе: Та­ка, та­ка. Плус тоа не­ма по­го­лем па­три­от од ме­не, јас сум ро­бу­вал за Ма­ке­до­ни­ја. Јас ко­га збо­рам по­и­на­ку ме слу­ша­ат лу­ѓе­то не­го не­кој ли­гуш та­му кој не­мал ни­што да­де­но…. Тоа не­маш гај­ле.

Та­ка збо­ру­ва­ше бра­тот за 100.000 евра во ќе­се.

Овој пат Бра­тот збо­ру­ва за да збу­ни. Ете, пр­ва се збу­ни но­ви­нар­ка­та ко­ја го по­ка­ни­ла да ѝ го­сту­ва во еми­си­ја.

Ми за­ли­чу­ва­те ка­ко да збо­ру­ва­те со уста­та на ман­да­та­рот Зо­ран За­ев. Мож­но ли е да му се прик­лу­чи­те во ко­ја би­ло фор­ма на кој би­ло на­чин? Да­ли сте се срет­на­ле пер­и­о­дов со Зо­ран За­ев – пра­шу­ва но­ви­нар­ка­та ка­ко да се пре­ис­пи­ту­ва са­ма­та се­бе­си.

Љу­бе, лес­но ка­ко пес­на, по­твр­ду­ва де­ка ве­ќе ос­тва­рил кон­такт со За­ев и му ги по­ну­дил сво­и­те пар­ти­ски ка­па­ци­те­ти.

Да, сме се срет­на­ле со гос­по­ди­нот За­ев и ние не­ма­ме ни­ка­ков проб­лем на­ши­те ка­дри и спо­соб­ни­те лу­ѓе од на­ша­та по­ли­тич­ка пар­ти­ја да ги по­ну­ди­ме ка­ко ка­дри кои ќе при­до­не­сат за де­мо­кра­ти­зи­ра­ње на др­жа­ва­та – ре­че Бо­шков­ски.

Со оваа сво­ја из­ја­ва Бо­шков­ски са­мо ја по­твр­ди кон­ста­та­ци­ја ко­ја пред из­вес­но вре­ме ја има­ше Ма­не Ја­ков­ле­ски, еден од ос­но­ва­чи­те на ВМРО-ДПМНЕ, кој за по­ли­ти­ча­ри­те од ко­вот на Бо­шко­ски ја упо­тре­би син­таг­ма­та „по­ли­ти­ча­ри на дуг­ме“.

„Овие лу­ѓе по­ка­жаа де­ка се по­ли­ти­ча­ри на дуг­ме. Се­ко­гаш ко­га тоа му е по­треб­но на сце­на­ри­стот и ко­га ќе се про­це­ни де­ка тоа им е по­треб­но на ин­стру­мен­тот СДС, тие се по­ја­ву­ва­ат. При­ме­те­те, трој­ка­та по­ли­ти­ча­ри на дуг­ме ни­ка­де ги не­ма­ше ко­га се соз­да­ва­ше Ти­ран­ска­та пла­тфор­ма, не ка­жаа ни­ту збор за оби­ди­те за про­ме­на на зна­ме­то, гр­бот, хим­на­та, ко­га се оби­ду­ваа да во­ве­дат дво­ја­зич­ност, да нѐ прог­ла­сат ка­ко род и др­жа­ва за ге­но­цид­ни. Ни­ка­де ги не­ма­ше да ја за­шти­тат Ма­ке­до­ни­ја, а еве ги се­га да рас­пра­ва­ат за ВМРО-ДПМНЕ. Тие се са­мо по­ли­ти­ча­ри на дуг­ме, ис­по­ста­ва, ко­ја е глас­на, но без­о­пас­на. Тоа не­ма да по­ми­не“, на­пи­ша Ја­ков­ле­ски на „Фејс­бук“.

Да се вра­ти­ме на збу­ну­вач­ко­то ин­терв­ју за да се доз­бу­ни­ме. Ка­ко што нај­а­ви, та­ка и на­пра­ви. Глу­ми лу­ди­ло. На­ја­ву­вај­ќи бор­ба со ар­гу­мен­ти, ну­деј­ќи му мег­дан на За­ев на ма­ке­дон­ска­та по­ли­тич­ка сце­на, не­ба­ре е прет­став­ник на по­ло­ви­на ми­ли­он Ма­ке­дон­ци, Бо­шко­ски оце­ну­ва де­ка Ма­ке­до­ни­ја оди во до­бар пра­вец, де­ка има ка­па­ци­тет за из­лез од кри­за­та, а ка­ко при­мер ги по­со­чи Ал­бан­ци­те, кои сво­јот глас на пред­вре­ме­ни­те пар­ла­мен­тар­ни из­бо­ри го да­доа за СДС, по­тег кој спо­ред не­го јас­но да­ва до зна­е­ње де­ка са­ка­ат со­жи­вот за по­до­бро утре за си­те.

Ние сме свес­ни де­ка тоа се две раз­лич­ни по­ли­тич­ки иде­о­ло­гии и де­ка ние се­га ги по­ми­ру­ва­ме лу­ѓе­то, а не иде­о­ло­ги­и­те, и свес­ни сме де­ка еден ден на ма­ке­дон­ска­та по­ли­тич­ка сце­на ќе мо­ра да се су­драт ВМРО за Ма­ке­до­ни­ја и СДС. Но, тоа ќе би­де ед­на чи­ста по­ли­тич­ка бор­ба, бор­ба со ар­гу­мен­ти, нај­а­ви Бо­шко­ски од којз­нае ко­ја по­зи­ци­ја.

Ха­ос и лу­ди­ло – тол­ку има да ѝ по­ну­ди Бра­тот па­три­от на Ма­ке­до­ни­ја.

Текстот е објавен во рубриката „Личност на неделата“ во 247 број на неделникот „Република“, кој излезе од печат на 26 мај 2017 г.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.