Република: Опозицијата има под директна контрола 5 од 7 весници во Македонија

Обвинувањата за непостоење на слобода во медиумите не држат. Опозицијата од вкупно седум дневни весници под своја директна контрола има пет – Утрински весник, Вест, Слободен печат, Политико, Нова Македонија. Опозицијата постојано се жали дека немало слобода, пишува Република.

Најновиот весник е Политико, за кој во јавноста има различни информации за тоа кој го финансира. Во партиските кругови се зборува дека на Саше Ивановски – Политико му се направи меракот- лидерот на СДСМ, Зоран Заев му даде финансии за да направи весник. Се шпекулира дека „Политико“ е финансиран директно од Заев и фирми блиски до Заев, пишува Република.

На дневниот весник Вест уредник е Горан Михајловски кој редовно преку колумни ја критикува владата. На уредничката позиција наУтрински весник стои Соња Крамарска која беше ангажирана директно од поранешниот лидер на СДСМ и експретседател Бранко Црвенковски да ги пишува неговите мемоари.

Уредничкото место во Слободен печат го има Бранко Геровски кој и не крие дека отворено лобира за опозиционата СДСМ.

Во сферата на медиумите за блиски до СДСМ важат националните телевизии Телма и Алсат во чии емисии редовно се гости првенците на СДСМ. Тука е и Вести 24 која исто важи за блиска до СДСМ.

Во сферата на порталите состојбата е исто на страна на опозицијата, најголем дел финансирани од СОРОС. Тука е Плус инфо исто на Бранко Геровски. Либертас е портал на Ацо Кабранов, Бриф на опозиционерката Ленце Николовска, Нова ТВ на Борјан Јовановски, А1 е управуван од Предраг Петровиќ. На страната на опозицијата се и фантомскиот сајт Скај, Центар Њуз, основан од сегашниот директор на паркинзи центар Саша Богдановиќ, потоа Мактел на Саше политико, Инбокс 7, Фокус, сајтот на Радио Канал 77… Критички настроени каде често може да се чујат ставовите на опозицијата се и Радио Слободна Европа и Дојче Веле.

Каде е тука неслободата и отсуството на критичка мисла?

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.