четврток, 23 март 2017  |  Вести денес: 55

„Република“: Почна сценариото на Заев за виткање на кичмата на државата

zaev-sugarevski

Последни вести

Платени дежурни протестанти, насилство врз институциите и државата, во толпата хулигани платеници од други држави, многу пари од СОРОС и соросовите колнски организации, протести на УЧК, и барања за рекомпонирање на државата од Беса која е коалициски партнер на СДСМ, како и желба по секоја цена за продлабочување на кризата наместо разговори и дијалог е на кратко описот со кој се сака да се свитка кичмата на државата.

Зоран Заев во 2008 година од позицијата вд престедател на СДСМ даде изјава дека Македонија мора да ја свитка кичмата за да го реши проблемот со името.

– Она на што можеме да се согласиме е отстапница во делот на меѓународната употреба на името во сите меѓународни институции и мислам дека овде треба некојпат и да „свиткаме кичма“, како што знаат старите да кажат, истакна Заев.

8 години подоцна од истиот Заев државата е на работ со силно сценарио за виткање на кичмата. Воведот во тоа сценарио го направи истиот Заев кој ја разниша државата објавувајќи илегално снимани разговори. Многу е јасно дека појавувањето на истите тие материјали било со поткрепа на извесни странски служби чија цел ја гледаме две години потоа. Тенденција државата да е на колена, економски и политички истоштена со цел да биде спремна за компромиси.

protesti-1-1-640x360

Профилот на луѓе кои протестираат се платеници на СОРОС, странски елементи и платеници, навивачки хулигани, криминалци, и луѓе вработени во општините на СДСМ под закана за бркање носени на протести.

Последно во низата се насилните протести кои се организирани од СДСМ и чадорот на организации на СОРОС. На протестите на СДСМ може да се забележат истите ликови и фронтмени на сите минати протести од оваа партија. Истите илјада луѓе кои вршат терор врз целиот град Скопје претходните две години.

Истите хулигани и организации кои ја нападнаа полицијата во мај минатата година во истото време кога терористичката група од Куманово се позиционираше во Диво Насеље. Одвлекувајќи го вниманието на полицијата СДСМ и СОРОС ја нападнаа, а резултатот освен направената штета имаше и повредени полицајци.

Сега јавна тајна е дека за дневница од 50 евра па нагоре се платени истите луѓе да протестираат. Тоа се оние најжестоките кои се судруваат со полицијата, и кој прават штета врз објектите. Парите им ги исплаќаат помал број на познати блиски бизнисмени до СДСМ и соросови организации. Истовремено во неформалната организација на луѓе се јавуваат и познати криминалци од Скопје и градовите на кој Заев им има ветувано бизниси.

Другата половина се луѓе кои се вработени во општините Центар, Струмица и Куманово кои секојдневно патуваат до Скопје под закана дека ќе ги загубат своите работни места доколку не дојдат на протест. За ова говорат и автобусите најчесто со Кумановски и струмички регистарски ознаки паркирани на различни места додека СДСМ протестира. Истовремено на самите протести има често присутни луѓе кои очигледно се државјани од други држави, што укажува од каде сето ова доаѓа.

viki-mladenova-640x360

Дека се во игра сериозна сума на пари со која се плаќаат протестантите на СДСМ пишува и главниот и одговорен уредник на Сител Драган Павловиќ Латас, кој прави паралела- кога контра нив ќе се собере народ, и тоа пет пати поброен, народот е навредуван, омаловажуван и исмеван. Сопствениот народ.

Велат, ВМРО ги…

Најчитани вести