вторник, 6 декември 2016  |  Вести денес: 0

Република: Раскол во општинската организација на СДСМ во Аеродром по вчерашното фијаско

Со ова, Аеродром јасно покажа дека силно се противи на двојазичноста која ја најавува опозицискиот лидер Зоран Заев и граѓаните гласно порачуваат дека се за суверена и унитарна држава, а не за бинационална и редефинирана Македонија.

sdsm

Последни вести

Само 400 луѓе вчера дојдоа на митингот на СДСМ во скопската населба Аеродром, од кои најголем дел беа истите кои присуствуваа на претходниот митинг во Кисела Вода. Општината Аеродром има околу 120 илјади жители од кои доколку на митинг излезат само еден процент од нив, тогаш поддршката би била од 12 илјади луѓе. Вчерашната бројка од 400 поддржувачи на митингот на СДСМ беше вистинска шлаканица за опозицијата, пишува „Република“.

Со ова, Аеродром јасно покажа дека силно се противи на двојазичноста која ја најавува опозицискиот лидер Зоран Заев и граѓаните гласно порачуваат дека се за суверена и унитарна држава, а не за бинационална и редефинирана Македонија. Собирите на опозициската партија минуваат без еуфорија, слаб интерес, многу навреди и црна кампања.

 

Најчитани вести