„Република“: „Реформаторите“ поздравени од Заев и промовирани од медиумите со пари на СОРОС и УСАИД

Стравот од силно ВМРО-ДПМНЕ пред претстојните зафати поврзани со обезличување на македонската нација и распродажбата на државните и национални интереси кои се планирани по поставувањето на квинслишката власт во Македонија, сега сценаристите повторно се обидува да задираат во најголемата партија, која единствено цврсто остана на своите ставови во оваа повеќегодишна надворешна интервенција со единствена цел – смена на името и идентитетската посебност на македонскиот народ, пишува Република.

Оваа група нема поддршка од членството туку од други фактори кои сакаат да го ослабнат ВМРО-ДПМНЕ. Вакви најави впрочем протекоа токму од спин- мајсторите на квинслишката медиумска групација која што пред неколку години ги промовираше и Никола Димитров како реформатор со ткн. „Амстердамска тројка“ или пак демократот Кекеновски, чии што резултати ги гледаме. Ниту добија поддршка, ниту пак имаат некакво влијание. Освен лично, како Димитров, што сега е министер кој е поставен за спроведување на сценариото.

Овие „реформатори“, богатејќи се на грбот на членството кое работи за идеологијата, веројатно сега одработуваат агенда која повторно ќе им донесе лагоден живот без труд и работа. Сметаат дека овој начин повторно ги стави во фокусот на вниманието, што повторно ќе им овозможи луксузи и елитни забави со амбасадори, додава порталот Република.

Мноу е интересно што се до пред десетина дена, членовите на оваа група беспоштедно ги поддржуваа политиките и движењето на ВМРО-ДПМНЕ, без да имаат каква било замерка на „демократијата“ или донесените одлуки и решенија. Таа потреба се јави кога се сооќија дека ќе останат без бенефитите.

Уште поинтересно, оваа група  ја имаат истата медиумска поткрепа од истите медиуми на соросовиот спин- центар, како Фокус, Макфакс и другите медиуми со ист уредник и извор на пари. Откако беа промовирани, сега добија и претставување со нивните биографии, односно ист третман како кабинетот на Заев.

Притоа, денеска добија честитка и поддршка и од партијата на Заев, каде ги оценува како „чесни и совесни“

– Чесните членови, активисти и политичари во ВМРО-ДПМНЕ треба да се оградат од криминалното раководство предводено од Груевски, за да можат како опозиција совесно и конструктивно да делуваат во интерес на граѓаните и да се вклучат во реформските процеси за доброто на граѓаните и државата- пишуваат од штабот на Павелшатева.