Македонија,Политика

Република: Шекеринска за премиер од СДСМ?

Република: Шекеринска за премиер од СДСМ?

Паралелно со кампањата за претседател во најголемата опозициска партија се случуваат сериозни турбленции кои што можат да ја одлучат иднината на партијата по изборите, пренесува „Република“.

Од партиски извори од СДСМ се дознава дека во партијата  наместо за претседателските избори главниот фокус е насочен кон прашањето кој да биде кандидат за премиер во кампањата за предвремените парламентарни избори.

Таквите разговори биле водени во непријатна атмосфера особено што раководството е притиснато од анкетите кои покажуваат драстично помала доверба во споредба со владеачката ВМРО-ДПМНЕ така што главната цел била да се извојува загуба на изборите со што помала разлика. Најжешкиот костен било токму дилемата кој да истрча за премиер. Такви амбиции покажале двајцата клучни луѓе во СДСМ Радмила Шекеринска и Зоран Заев.

Внатрепартиските анализи покажале дека рејтинзите и на двајцата политичари се ниски особено по аферите кои се обелоденија во последниот период, онаа за скапите кирии кои сопругот на Шекеринска ги добиваше и си ги исплаќаше сам на себе за куќа која е во негова лична сопственост со што се покрена дебата за тоа како може Шекеринска да е средна класа со над 5 илјади евра месечно кои ги добива за кирија, но проценката е дека аферата со смс пораките кои Заев ги испраќал до Тачи има поголем негативен ефект и поголемо негативно влијание кое се одразило врз неговиот рејтинг.

За потсетување, Заев до Тачи преку смс пораки му се додворуваше за соработка која би се остварила на изборите. Инаку последните мерења на рејтингот на Центарот за истражување и анализа (ЦИА), покажа дека лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и премиер, Никола Груевски, има два и пол пати поголем рејтинг од неговиот директрен соперник, претседателот на СДСМ, Зоран Заев.

Груевски има рејтинг од 34,1, а Заев 13,6. Оваа разлика се зголемувала особено по  кампањата на владеачката партија  што дополнително делувало обесхрабувачки за лидерот Заев.

По неколкудневни натегања, одлуката сепак паднала кандидат за премиер да биде Радмила Шекеринска која според размислувањата е при крајот на својата политичка кариера и сепак поповлно би било да ја заврши како канидат за премиер на СДСМ.

Згора на тоа таа како личност има досега претрпено два изборни порази од Груевски така што штетата која би се предизикала од уште еден пораз би била помала.

Ваквата одлука предизвикала изненадување и различни коментари во круговите на СДСМ. Партиски извори брифираат дека во наредниве денови СДСМ би го сторила тоа го говори со години, да формирање влада во сенка при што во игра би биле сите кадровски кобинатароки, пишува „Република“.