Република Српска, вчера, успешно гласаше на референдум, на кој мнозинството граѓани се определија 9 јануари да се одбележува како национален празник. На референдумот излегле да гласаат 624.0000 лица, а одзивот бил поголем од 51 отсто. Според првичните неофицијални резултати, повеќе од 90 отсто од гласачите се произнеле позитивно за тоа 9 јануари да биде национален празник на Република Српска.
9 јануари е свет ден за Република Српска, и тоа многу години наназад. Ние денес докажавме дека ниту претседателот на президиумот на Босна и Херцеговина, Бакир Изетбеговиќ, ниту странците нема да успеат да ги одредуваат појавата и раѓањето на Република Српска, изјави Милорад Додик.
Причината за спроведувањето на референдумот беше одлуката на Уставниот суд на БиХ, донесена на 15 ноември 2015 година, со која се одредува како неуставен делот од законот „За празниците во Република Српска“, пво однос на датумот 9 јануари.
Против одржувањето на референдумот и за непризнавањето на легитимноста на резултатите, јавно се изјасни Бакир Изетбеговиќ, како и претставниците на меѓународната заедница во БиХ, кои сметаат дека одлуката на Бања Лука може да биде покренување на прашањето за излез на Република Српска од составот на БиХ. Босанските власти, со поддршка од Вашингтон и Брисел, веќе почнале да ја разгледуваат можноста за казнување на лицата, кои не ја почитуваат одлуката на Уставниот суд на Босна и Херцеговина.
Претседателот на Република Српска, Милорад Додик, како одговоро на ова изјави дека операцијата со сила на правосудните органи на БиХ, во однос на официјалните претставници на РС, ќе доведе до објавување на независност на српскиот ентитет. Тој потенцирал дека „секакво слично дејствие, ќе не’ натера да го направиме тоа“.
Ние ќе се заштитуваме. Моментно зборувам хипотетички за тоа, но во секој случај не требва да има сомнеж. Имаме се’ што ни е неопходно да се заштитиме, дополнил тој.
Русија ја поддржа опцијата Србите да го искажат својот став. Тоа го изјави рускиот амбасадор во Сараево, Пјотр Иванцов, кој дополни дека „населението на Република Српска“ е еден од двата ентитети во состав на БиХ, и има полно право на слободно изразување на својата волја, во однос на прашање важно за него“.
Светски познатиот режисер Емир Костурица, смета дека референдумот е олицетворение на борбата на целиот српски народ за неговата слобода и за зачувување на неговата национална култура.
Босанските Срби на 9 јануари 1992 година објавија создавање на нивната држава во составот на Босна и Херцеговина. Тој чекор доведе до најкрвавата војна во процесот на распаѓање на поранешна СФР Југославија. Сега граѓаните на Република Српска се повикани да гласаат на референдум, на кој се произнесоа дали тој датум треба во иднина да биде прославуван како официјален празник во земјата.