Македонија

„Република“: Што знае Правниот факултет во Скопје за аферата „Телеком“?

„Република“: Што знае Правниот факултет во Скопје за аферата „Телеком“?
„Република“: Што знае Правниот факултет во Скопје за аферата „Телеком“?

Правниот факултет во Скопје, институцијата која се истакна како легло на криминалот и високата корупција во периодот на транзицијата, кога нејзините професори беа автори на законските решенија кои овозможија легализиран грабеж на претпријатијата во државна сопственост во полза на политички одобрените олигарси на социјалистичката раководна структура, има централна улога и во аферата „Телеком“. На списокот сведоци кои судот во Њујорк одобрил да бидат повикани и да сведочат за аферата, има дури тројца професори на Правниот факултет, што самото по себе е значителен „успех“ за „Јустинијан Први“, а натамошното разгледување на докумнетите доставени како доказен материјал ја покажува вмешаноста и на други имиња од оваа образовна институција, пишува порталот Република.

Пред сѐ, тука е поранешниот премиер Владо Бучковски кој е една од централните фигури во аферата. Бучковски, кој во 2014 година веќе беше повикан да сведочи во Вашингтон, пред американската Комисија за хартии од вредност, беше на чело на Владата од 2004 до 2006 година, периодот кога се склучувани скандалозните договори со кои Владата прифатила дека нема да дозволи либерализација на телекомуникацискиот пазар во Македонија, во замена за исплата на приближно 12 милиони евра со посредништво на грчкиот бизнисмен Контоминас.

Protokolot bitniot del

Крунскиот доказ против Бучковски е Протоколот за соработка, документ кој Бучковски го потпишал заедно со поранешниот директор на „Маѓар Телеком“ Елек Штрауб, и со кој Македонија се обврзала дека нема да дозволи влез на трет мобилен оператор во земјата, осудувајќи ги македонските граѓани да плаќаат енормно високи сметки за мобилна телефонија, и одложувајќи го развојот на информатичкото општество во земјата со дозволување да продолжи монополот на Македонски Телекомуникации во интернет секторот.

Protokolot potpisite

„Република“ веќе во детали пишуваше за улогата на Бучковски во оваа афера. Но, помалку позната е улогата на доскорашниот декан на Правниот Факултет, Борче Давитковски, кој беше претседател на Бордот на директори на Македонски Телекомуникации од 2002 до 2004 година. Тој е вториот професор од Правниот факултет кој ќе биде повикан да сведочи пред судот во Њујорк и да каже што знаел за матните зделки во компанијата и дали и во која мера директно учествувал во нив.

За Давитковски се подготвени 16 страници со прашања, како од обвинителот – американската Комисија за хартии од вредност (СЕЦ), така и од одбраната на тројцата унгарски директори Елек Штрауб, Андраш Балог и Тамаш Морваи.

Прво прашање што СЕЦ планира да му го постави на професорот Борче Давитковски е дали е точно дека тој бил именуван на позицијата претседател на Бордот на Македонски Телекомуникации од страна на Бранко Црвенковски. Пред судот во Њујорк, Давитковски ќе треба да ги објасни своите лични врски со групацијата на грчкиот бизнисмен Димитриос Контоминас, преку која биле испумпувани парите од Македонски Телекомуникации кои потоа им биле исплаќани на водечките лица во СДСМ и ДУИ.

Davitkovski pocetok na prasanjata

„Дали сте запознаен со групацијата Контоминас? Кои компании беа дел од групацијата на Контоминас? Дали Чаптекс е една од тие компании? Дали ги познавате Ставрос Нико Ставридис, Михаил Кефалојанис и Димитриос Контоминас? Според вашите сознанија, дали Ставридис, Кефалојанис и Контминас се среќавале со претставници на македонската Влада? Дали вие, како претседател на Бордот, бевте во контакт со претставници на групацијата Контоминас или со компании поврзани со неа? Во кое својство се среќававте со нив? Која беше целта на овие ваши интеракции?”, пишува меѓу прашањата наменети за Борче Давитковски.

Davitkovski sto znaete za grupata Contominas

Во прашањата, Давитковски ќе треба да одговори и дали лично знаел за Протоколот за соработка со кој Бучковски се откажал од либерализацијата на македонскиот телекомуникациски пазар.

„Дали македонскиот закон во 2005 година дозволувал Премиерот да стапи во пишан договор во име на Владата, а документот да не биде внесен во владините архиви? Дали било во согласност со законот Премиерот да стапи во пишан договор, но да не задржи копија од документот што го потпишал за владините архиви? Дали било во согласност со законот Премиерот или владин функционер да прими пари или други предмети од вредност од Македонски Телекомуникации во замена за измени на законот за телекомуникации, измени на подзаконските акти, или одложување на влезот на нов телекомуникациски оператор на пазарот?”, гласат прашањата до Давитковски.

Davitkovski dali Ungarcite nudele potkup

Понатаму, поранешниот декан на Правниот факултет е прашан дали знаел за случаи во кои некој од тројцата обвинети унгарски менаџер, Елек Штрауб, Андраш Балог и Тамаш Морваи, се среќавале со македонски функционери од СДСМ или ДУИ и нуделе мито. Давитковски е прашан дали лично присуствувал на такви средби или телефонски разговори и дали видел документи со кои се нудело или барало мито.

„Дали имате лични сознанија за бизнис врските на Маѓар Телеком во Македонија во 2005 и 2006 година? Дали знаевте за консултантските договори склучени од страна на подружници на „Маѓар Телеком“? Дали знаете нешто за плановите за проширување на бизнисот на „Маѓар Телеком“ на Косово во 2005 година? Дали знаете за склучување на договори за лобирање за измени на законот за електронски комуникации и законот за работни односи во 2005 година?”, се исто така прашања за кои судот во Њујорк ќе очекува одговор од деканот Борче Давитковски.

Исклучително проблематична е улогата на и на професорот Дејан Мицковиќ, кој го наследи Давитковски како претседател на Бордот на директори на Македонски Телекомуникации. Мицковиќ исто така ќе треба да има долга сесија како сведок пред судот во Њујорк, на која, меѓу другото, ќе треба да одговори за подготовката на Нон Пејпер документ кој бил испратен до директор во „Дојче Телеком“, и во кој Мицковиќ практично бара исполнување на низа барања на македонската Влада, поврзани со вработување на неколку стотици нови лица во Македонски Телекомуникации, исплата на висока дивиденда за 2005 година – на време за оваа финансиска инекција да има ефект пред изборите кои се одржаа во 2006 година.

Mickovik do Gunther uslovi otpustanja

Доколку овие барања не бидат исполнети, Мицковиќ им се заканил на директорите во Маѓар Телеком и Дојче Телеком дека македонската Влада ќе почне веднаш да ги спроведува обврските кои ги преземала пред Европската Комисија и ќе го либерализирала телекомуникацискиот пазар, дозволувајќи влез на трет мобилен и втор фиксен оператор, како и префрлајќи ја целата јавна администрација од мобилните пакети на Мобимак кон пакетите на Космофон.

Mickovik Tupancevska zakanuvacki non paper

Токму овој Нон Пејпер вклучува уште еден професор од Правниот факултет во приказната. Имено, според документацијата достапна во Њујорк, овој документ бил подготвен од Елеонора Тупанческа, вработена во правниот сектор на Македонски Телекомуникации, инаку сопруга на професорот Никола Тупанчески – уште една перјаница на СДСМ на Правниот факултет. Тупанчески, раководител на институтот за казнено право на факултетот, во последно време стана познат во јавноста по неговиот неуспешен обид да се кандидира за позицијата специјален обвинител, кој ќе треба да ја истражи аферата Пуч.

Поранешниот висок функционер во времето на комунизмот и транзицијата Тито Беличанец, кој по неговиот “придонес” за транзитирање на голем број компании од државна во олигархиска сопственост е член на бордовите во бројни компании, и е професор по трудово право на Правниот факултет, исто така е наведен во документите од аферата „Телеком“. Беличанец, според прашањата подготвени од страна на обвинителството и одбраната пред судот во Њујорк, бил ангажиран од Македонски Телекомуникации како консултант за да помогне да се издејствуваат промени во законот за работни односи, кој беше изгласан во 2005 година. Маѓар Телеком и Македонски Телекомуникации сакале да издејствуваат значителни промени во нацрт законот, затоа што сакале да спроведат масовни отпуштања на вработените. Еден од договорите потпишани со кипарската компанија Чаптекс предвидува дека безмалку милион евра ќе бидат исплатени во Кипар и потоа испорачани назад до раководството на СДСМ и ДУИ, во замена за десетици измени на законот за работни односи, од кои клучно било барањето да се избрише правото на синдикатите да ги оспорат и спречат масовните отпуштања на вработените. За таа цел, покрај Беличанец, биле ангажирани и адвокатите Георги Димитров и Марија Давитковска, и измените во делот со синдикатите поминале во Собранието, со што значително била намалена заштитата на работничките права во Македонија.

Tito Belicanec dali navistina bil preskap

За среќа, некои од другите измени кои Македонски Телекомуникации и Маѓар Телеком сакале да ги издејствуваат преку оваа лобистичка група, меѓу кои биле предлозите да се избрише дури и заштитата на бремените работнички од отпуштање, не биле прифатени. Куриозитет за професорот Беличанец е што во прашањата доставени до судот во Њујорк, се прашува дали е вистина дека дури ни Маѓар Телеком и Македонски Телекомуникации не можеле да си дозволат да ги користат неговите услуги често, затоа што професорот имал претерано висока тарифа.