вторник, 29 ноември 2016  |  Вести денес: 34

РЕПУБЛИКА: Тарчуловски бил воен злосторник, а Адем Јашари светец

Албанските гласови за СДСМ се злато вредни. Повредни од државата, безбедноста, народот, националниот идентитет. Толку вредат албанските гласови кои треба да му донесат влсат на СДСМ. А на патот до власта, СДСМ не избира ни средства ни симболи, анализира Република.

република

Поврзани вести

Всушност, избира, па штабови отвора со албански знамиња поголеми од националното знаме на Република Македонија, иако треба да бидат 1/3 помали од државниот симбол, ги велича Адем Јашари, основачот на УЧК, Џемо Хаса, балист од Гостварско.

1

Во новиот наплив на емции и страст кон албанското гласачко тело во немилост на СДСМ последно се најде Јохан Тарчуловски. Очигледно на СДСМ, на Заев и на радикалниот исламист од Извршниот и на Централниот одбор на СДСМ, Мухамед Земири, им недостасуваше „алтернативна атмосфера“ во редовите на владејачката партија по објавувањето на пратеничките листи, каква што се создаде по објавувањето на нивните листи, па се обидуваат тие да ја создадат.

2

Како да не беше доволно што на сопствениот грб ја одлежа казната за Македонија, бидејќи ја бранеше од терористичките банди формирани токму од Адем Јашари, дојде ред и членот на извршниот одбор на СДСМ Мухамед Зекири да го споменува и плука.

Трагедијата не е во тоа што еден исламски радикал и поддржувач на вахабистичката идеологија плука по народниот херој, трагедијата е во тоа што ниту еден од останатото раководство во СДСМ, на чело со Зоран Заев не застана во одбрана на човекот кој ризикуваше сѐ за денес тие да постојат како политичка партија во Македонија.

3

Сепак, не треба да не чуди ваквото однесување на Заев и Зекири ако имаме предвид дека најблиски соработници им се Закир Бекири – Чауш, кој важи за човек со блиски врски со албанското криминално-терористичко подземје од регионов, и ако знаеме дека токму Заев застана под знамето и името на Адем Јашари, основачот на УЧК. Истата терористичка организација против која се бореше Тарчуловски.

4

Чауш во судница извикува „Алах акбар“

Македонците ви ги памтат Гошинце и Диво Насеље

Македонија никогаш нема да им го заборави Диво Насеље, ниту Гошинце кое му претходеше. Додека се пребројуваа жртвите од страната на полицијата, додека се спасуваа животи на ранетите полицајци, Заев и Спасовски правеа селфи со терористите во кумановската населба, и окезени газеа врз топлата крв на банителите.

5

Кога четириесет маскирани и вооружени лица со ознаки на УЧК ја нападнаа караулата Гошинце, во која имало четворица дежурни полицајци и ги разоружале, им ги врзале рацете со лисици, ги претепале и им порчале „Ние сме од УЧК, ниту Ахмети ниту Груевски не може да ве спаси. Ние сакаме наша држава и не сакаме никакви охридски договори. Повеќе никој не смее да дојде нагоре. Доколку вас или било друг фатиме повторно, сите ќе ве ликвидираме“, опозицијата предводена од СДСМ ги оцени како измислено сценарио, а дел од опозициските медиуми потценувајќи ги настаните дури објавуваа и сатирични вести со наслов „Ослободителната војска на Груевски ја презеде одговорноста за нападот во Гошинце“. Нивниот став тогаш, во април 2015 година, беше дека со настаните во Гошинце власта се обидувала да креира безбедносна криза.

6

Спасовски го игнорираше постхумното одликување на полицајцте кои загинаа во Диво Насеље и наместо да им се заблагодари и да искаже почит, тој даде „зелен сигнал“ за да започнат навредите и омаловажувањата од страна на членови и симпатизери на СДСМ кон нашите херои.

7

Оливер Спасовски е човекот кој наместо да ги посети полицајците кои беа повредени во жестоката битка, заедно со партискиот лидер Зоран Заев правеше насмеано селфи на местото каде што загинаа бранителите.

8

9

Со смртта на македонските херои тогаш се исмеваше и партискиот портпарол на СДСМ, Петре Шилегов.

10

Гласноговорникот на СДСМ, Тричковски, во свој познат безобразен морбиден стил тој ден посака да има уште повеќе жртви.

11

12

„Да ви се деси Диво Насеље“ им посакаа на полицајците и платените протестирачи во немирите што ги организираа два месеци во целата земја.

Тоа се интересите и поддржувачите на СДСМ и Зоран Заев. Терористи, вахабисти, непочитувачи на сопствената држава и плукачи по народните херои кои целиот свој живот го ставија на коцка за да ги одбранат нашите, вклучително и животите на Заев и Зекири.

Најчитани вести