„Република“: Телеком плаќал “експерти” да ја избришат законската заштита на бремените жени!

„Република“: Телеком плаќал “експерти” да ја избришат законската заштита на бремените жени!
„Република“: Телеком плаќал “експерти” да ја избришат законската заштита на бремените жени!

Поголем број документи во доказниот материјал доставен пред судот во Њујорк во аферата Телеком се однесуваат на кампањата на Македонски Телекомуникации и Маѓар Телеком да го изменат текстот на предложениот закон за работни односи кој беше изгласан во летото 2005 година, пишува „Република“.

Документите покажуваат дека групацијата Стоунбриџ, во доминантна сопственост на Маѓар Телеком, која е сопственик на Македонски Телекомуникации, непосредно пред изгласувањето на законот и исплатила безмалку еден милион евра на кипарската компанија Чаптекс, контролирана од Димитриос Контоминас.

Овие пари, според тврдењето на американската Комисија за хартии од вредност, потоа им биле исплатени на политичари од СДСМ и ДУИ како поткуп за остварување на барањата на Маѓар Телеком и Македонски Телекомуникации. Меѓу серијата барања, за кои биле склучени повеќе слични корупциски договори со Чаптекс, клучно било барањето да и се овозможи на компанијата да остане да функционира практично како монопол во Македонија дури откако Европската Комисија најостро побарала либерализација на пазарот, пишува „Република“.

Документите што се однесуваат конкретно на законот за работни односи покажуваат дека Маѓар Телеком барале бришење и измена на членови од законот за работни односи, со цел компанијата да може полесно да отпушти над 1.000 вработени, без да мора претходно да бара согласност од синдикатот, и да им понуди пониски отпремнини на отпуштените. За оваа цел, во е-порака испратена на 30 мај 2005 година од страна на Мартон Халаши до Јозеф Барањи, двајцата менаџери за човечки ресурси во Македонски телекомуникации, се вели дека компанијата стапила во контакт со два“лоби-канали” на кои ќе им бидат дадени насоки кои се главните цели што Маѓар Телеком сака да ги постигне во врска со новиот закон за работни односи.

contrack

Документите достапни пред судот и прашањата подготвени за сведоците покажуваат дека Маѓар Телеком склучил повеќе договори со адвокатите Георги Димитров и Марија Давидовска, за правни услуги во врска со законот за работни односи, при што унгарските директори на Димитров му доставиле список на детални измени во законот за работни односи кои сакаат тој да им ги обезбеди, пишува „Република“.

hiredd

Договорот кој е заведен како доказен материјал е непотпишан, но предвидено е на него да стојат потписите на адвокатот Димитров и директорите во Македонски Телекомуникации, Атила Сендреи и Мартон Халаши.

nepotpisann

Во списокот се содржани барања на Маѓар Телеком идниот закон за работни односи да не ги штити бремените жени од отпуштање и да не им овозможува право на работниците да се грижат за болни членови на семејството. Во документите е заведена и табела, кои измени лобистите на Маѓар Телеком успеале да ги издејствуваат, а за кои биле неуспешни, и наведена е сумата во евра која ќе им биде исплатена за секоја измена. Иако овие измени Маѓар Телеком ги правел имајќи ги предвид сопствените интереси во врска со своите неколку илјади вработени лица, доколку биле прифатени, овие измени ќе важеле за сите вработени во Македонија.

Што се однесува до заштитата на бремените работнички, во договорот кој бил склучен меѓу адвокатот Георги Димитров и Атила Сендреи и Мартон Халаши, директорите на Маѓар Телеком и Македонски Телекомуникации го побарале следново: Член 88. Работодавачот не смее да го откаже договорот за вработување на работничките за време на бременоста, раѓање и родителство и отсуство поради нега и чување на деца. За време на периодот наведен во став 1 од овој член, работниот однос на вработените не може да биде прекинат со известување дадено од работодавачо. Доколку работодавачот се изјаснува дека при издавањето на известувањето не знаел за бременоста на вработената, тогаш ќе важи одделната законска заштита за известувањето, доколку вработената веднаш, или во случај на пречки кои не се по нејзина вина, веднаш по истекот, го информира работодавачот за својата бременоста за што ќе поднесе и соодветна медицинска потврда”, пренесува „Република“.

medpotvrdaa

Вака гласел текстот на членот 88 од законот за работни односи. Во договорот со адвокатот Георги Димитров, унгарските директори го побарале следното – “овој член им дозволува на вработените да ја злоупотребуваат бременоста за намерно да ги прекршат одредбите од договорот. На пример, што ако бремена работничка не дојде на работа цела недела? Дали работодавачот има право да го раскине договорот со неа? Или, што ако бремена работничка се однесува кон своите клиенти на несоодветен, провокативен или навредлив начин? Овој вид на дополнителна заштита не е содржан во постоечкиот закон. Затоа, нема логика за стопроцентна заштита на бремените работнички и овој член мора да биде избришан”, побарале унгарските менаџери од адвокатот Димитров.

Прочитајте повеќе на „Република“.