„Република“: Воаjери со црвени уши

Авто­гол е пре­мал збор за опис на ли­де­ро­ви­те са­мо­де­ман­ти­ра­ња во ни­за. Во тие мо­мен­ти ли­чи на Џим Ке­ри во „Лаж­го, лаж­го“ ка­де што тој не­кол­ку де­на мо­ра, ма­кар на­си­ла, да ја ка­жу­ва ви­сти­на­та. Ма­ѓеп­са­ни­от гра­до­на­чал­ник со цр­ве­ни очи од слу­ша­ње раз­го­во­ри на мо­мен­ти го пра­ви исто­то, но исто­вре­ме­но знае да пи­шу­ва во ши­фри и ми­лу­ва да збо­ру­ва за се­бе во тре­то ли­це ед­ни­на. Пет­на­е­сет па­ти го ка­жа сопс­тве­но­то име во еден час раз­го­вор. Пси­хо­ло­зи­те ве­лат, тоа е пра­кти­ка на нар­ци­со­ид­ни и на не­си­гур­ни лич­но­сти, пишува Република.мк.

Ако му на­пра­ви­те ус­лу­га на ли­де­рот, без проб­лем ќе ве че­сти комп­ју­тер. За сним­ка со по­до­бар ква­ли­тет и со ми­ни­мум еден пцост во неа, ќе ви ку­пи и авто­мо­бил, а за ду­зи­на од нив ќе ви из­ва­ди и ви­за за ра­бо­та во странс­тво. Ова би би­ло ку­со­то си­же на опо­зи­ци­ска­та сказ­на за ли­де­рот-до­бро­твор, кој е ви­стин­ски Де­до Мраз за де­ца­та на од­бег­на­ти­те раз­уз­на­ва­чи. Со се­кој че­кор на­пра­вен од вас, кој го но­си поб­ли­ску до вла­ста, или ба­рем тој та­ка про­це­ну­ва, до­би­ва­те по­да­рок. Ма­кар бил и не­го­ви­от „ау­ди“ од 80.000, са­мо за да из­бе­га­те од др­жа­ва­та. Ни­што не е бит­но за овој со­вре­мен Де­до Мраз, ни да­ли сте би­ле до­бар или лош, бит­но е да сте про­тив „ре­жи­мот“ и да има­те два-три сни­ме­ни раз­го­во­ра во џе­бот, се­ка­ко, по мож­ност со Ста­вре­ски или Јан­ку­лов­ска. Ло­ша­та вер­зи­ја на бе­ло­бра­ди­от ста­рец пред Но­ва го­ди­на им по­ра­ча на гра­ѓа­ни­те да по­са­ка­ат да пад­не вла­ста, сре­ќа ни­ка­ко, наг­ла­су­ва­ше де­ка ја не­ма­ло. То­гаш, ли­де­рот го за­се­ни и Би­ли Боб Торн­тон во уло­га­та на „Ло­ши­от Де­до Мраз“, за по са­мо еден ме­сец да ста­не се­ри­оз­на при­чи­на за за­гри­же­ност и за брч­ки на ли­це­то на Џим Ке­ри. По де­се­ти­на­та се­ри­оз­ни ла­ги, чи­и­што де­ман­ти, ве­ру­ва­ле или не, од ин­терв­ју во ин­терв­ју ги со­оп­шту­ва са­ми­от, ли­де­рот со сво­и­те по­стап­ки соз­да­де опа­сен кон­ку­рент на ли­кот на ад­во­кат Фле­чер Рид (Џим Ке­ри), за кој акте­рот бе­ше но­ми­ни­ран за „Зла­тен гло­бус“. Не­ба­ре ма­ѓеп­сан, ли­де­рот до­би­ва нап­лив да ја ка­же ви­сти­на­та и да се до­за­ко­па со нов авто­гол, исто ка­ко и Рид, кој по тол­ку мно­гу ла­ги, на­ед­наш мо­ра­ше да ја збо­ру­ва ви­сти­на­та. Фил­мот „Лаж­го, лаж­го“ е од да­леч­на­та 1997 го­ди­на, вре­ме со тол­ку уба­ви спо­ме­ни за СДСМ – беа на власт, без опо­зи­ци­ја, ко­ја во 1994 го­ди­на ги бој­ко­ти­ра­ше из­бо­ри­те, но не ре­зул­та­ти­те и не об­ви­ну­ва­ше за ре­жим. Ех, злат­ни­те го­ди­ни на тран­зи­ци­ја­та… Са­мо ед­на го­ди­на прет­ход­но го пар­ти­зи­раа судс­тво­то со из­бор на по­ве­ќе од 600 су­дии во еден ден, а се­га ли­де­рот се жа­ли де­ка ќе му су­де­ле ВМРО-ДПМНЕ. Не­го­ви­от ад­во­кат, пак, кри­вич­на­та за про­ши­ру­ва­ње на истра­га­та ја до­ста­ви до об­ви­ни­телс­тво­то, ка­де што ја искон­тро­ли­ра не­го­ва­та мај­ка, ко­ја по­тоа ис­пра­ти ба­ра­ње до не­го­ви­от де­до во Ос­нов­ни­от суд, кој тре­ба­ше слу­ча­јот да ѝ го до­де­ли на не­го­ва­та ќер­ка, су­диј­ка во Ос­но­вен суд 2 и со­пру­га на ад­во­ка­тот на За­ев?! Ток­му та­ка – судс­тво­то, ве­ру­ва­ле или не, е пар­ти­зи­ра­но…

Ли­де­рот со цр­ве­ни очи од слу­ша­ње сни­ме­ни раз­го­во­ри

Ве­ќе по на­ви­ка, ли­де­рот ка­жа нов лап­сус. Со из­ма­чен израз на ли­це­то „приз­на“ пред ма­ке­дон­ска­та јав­ност де­ка цр­ве­ни­ло­то на не­го­ви­те очи се дол­жи на слу­ша­ње­то сни­ме­ни те­ле­фон­ски раз­го­во­ри доц­на во но­ќта?! Ка­ко ре­зул­тат на слу­ша­ње­то, на ше­га или не, но си­те би оче­ку­ва­ле ба­рем „цр­ве­ни“ уши, но, мо­же­би, ко­га чи­та кни­га, утре­ден­та му брм­чат уши­те. Де­ка во­а­је­риз­мот, се­пак, е на це­на на опо­зи­ци­ска­та сце­на по­ка­жу­ва­ат слу­чу­ва­ња­та на со­ци­јал­ни­те мре­жи, кои, де­фи­ни­тив­но, ста­наа ан­ти­со­ци­јал­ни. Фе­вру­ар­ски­от по­ход на СДСМ ре­зул­ти­ра­ше со ви­стин­ска офан­зи­ва на лаж­ни про­фи­ли на „Фејс­бук“ и нив­ни­те не­пре­суш­ни, ма­кси­мал­но вул­гар­ни ко­мен­та­ри ис­пол­не­ти со омра­за ги сар­ди­саа „Фејс­бук“, „Тви­тер“ и си­те ме­ста ка­де што не­кој мо­же да на­пи­ше и да ка­же не­што. То­ни Ми­хај­лов­ски ше­го­биј­но им по­ра­ча: „Ко­га ќе оди­те на ми­тинг, не за­бо­ра­вај­те да ги зе­ме­те со се­бе и лаж­ни­те про­фи­ли. Ќе ве има по­ве­ќе…“ Овие во­а­је­ри, кои дем­нат по со­ци­јал­ни­те мре­жи, по пра­ви­ло, и во сог­лас­ност со ло­ги­ка­та на сво­јот ко­ман­дант, кој го ра­ко­во­ди овој фе­вру­ар­ски по­ход, мо­же­те да ги пре­поз­на­е­те по цр­ве­ни­те уши, ре­зул­тат на проб­де­а­на­та ноќ и на це­лод­нев­но­то гле­да­ње во комп­ју­те­рот. Пос­лед­но­то ин­терв­ју вне­се го­лем не­мир и страв. Но не кај по­ли­тич­ки­те опо­нен­ти, ту­ку во сопс­тве­ни­те ре­до­ви. Најм­но­гу се уп­ла­ши­ја ток­му во­а­је­ри­те со цр­ве­ни уши. Си­лен уп­лав им влеа ли­де­ро­ва­та ре­че­ни­ца во ко­ја ка­жа де­ка има­ат раз­го­во­ри за уште че­ти­ри го­ди­ни, се­ка­ко, ако по­са­ка­ле да ги пре­не­су­ва­ат та­ка. Тоа би зна­че­ло де­ка во­а­је­ри­те би тре­ба­ло уште це­ли че­ти­ри го­ди­ни да спи­јат пред комп­ју­те­ри­те и да ја ши­рат про­па­ган­да­та за не­по­стој­ни­от ре­жим, да ла­мен­ти­ра­ат за за­гу­бе­на­та сло­бо­да, да пцу­јат…

44_23_44_11_2 (пре­вод) ли­де­рот што знае ши­фри

Ин­те­ре­сен де­таљ е фа­ктот што ова е, нај­ве­ро­јат­но, и единс­тве­ни­от опо­зи­ци­ски ли­дер на све­тот со кој мо­же­те да збо­ру­ва­те со број­ки, т.е. со ши­фри. Ка­ко и се­ко­гаш во из­ми­на­ти­те 10 па­ти во из­ми­на­ти­те три не­де­ли ко­га си ги приз­на­ва­ше ла­ги­те, се­га приз­на де­ка се „до­пи­шу­вал“ и со си­нот на Ве­ру­шев­ски, му ку­пил комп­ју­тер, а бил на ни­ет да им ку­пи и авто­мо­бил за­тоа што со нив­ни­от не мо­же­ле да­ле­ку да бе­га­ат. Имај­ќи пред­вид де­ка на­ши­те ро­ди­те­ли одеа до Гер­ма­ни­ја, Пол­ска и до Ру­си­ја со „ре­но 4“, „сто и еден“, „фи­јат 1300“ и „пег­лич­ка“, пра­ша­ње­то е ка­де тре­ба­ло да па­ту­ва доб­лес­но­то се­мејс­тво Ве­ру­шев­ски, а мо­ра да е во Евро­па. Швед­ска? Да, пре­ми­е­рот е ле­ви­чар, ше­фот на дип­ло­ма­ти­ја­та Билд ре­а­ги­ра­ше остро, а има­ат и ам­ба­са­дор, не ам­ба­са­дор­ка, но ду­ри и до та­му се при­сти­га со кој би­ло по­ло­вен авто­мо­бил. Нај­ве­ро­јат­но, уште еден не­про­мис­лен му­а­бет на ли­де­рот, ка­ко тој де­ка со Ве­ру­шев­ски во пис­мо­то збо­ру­ва­ле „ќе ви­ди­ме што со Жер­нов­ски“, но са­мо за тоа да­ли ќе сто­ел зад не­го на прес-кон­фе­рен­ци­ја­та за „бом­ба­та“ за­тоа што ве­ќе не бил ли­дер на ЛДП. Проб­ле­мот е во фа­ктот што Жер­нов­ски то­гаш и ре­чи­си две не­де­ли по пис­мо­то е ли­дер на пар­ти­ја­та, сме­на­та до­а­ѓа по­доц­на, а од ка­де, па и знае и де­ка не­ма да оста­не прв чо­век на ЛДП? Уште еден не­про­мис­лен од­го­вор или до­бра ин­фор­ми­ра­ност на ли­дер кој ко­му­ни­ци­ра пре­ку гу­ла­би и ши­фри­ра­ни по­ра­ки…

До­дов­ска: Афе­ра­та во „хо­ли­вуд­ски фа­зон“ го до­пре дно­то

Не­сом­не­но е де­ка оваа по­ли­тич­ка афе­ра го до­пре дно­то на си­те воз­мож­ни дна со кои мо­же да се пос­лу­жи ко­ја би­ло ин­ди­ви­дуа или гру­па во оби­дот да на­пра­ви ште­та не­ко­му, ве­ли доц. д-р Иван­ка До­дов­ска од Прав­ни­от фа­кул­тет во Скоп­је. Се поч­ну­ва од не­приз­на­ва­ње­то на из­бор­на­та ле­ги­тим­ност, па сѐ до де­нес, и очиг­лед­но е де­ка СДСМ, пред­во­ден од ова ра­ко­водс­тво, ус­пеа сво­ја­та нес­по­соб­ност и не­а­жур­но­ста кон еле­кто­ра­тот да ја пре­не­бег­не ко­ри­стеј­ќи не­зре­ли, пли­тко­ум­ни и крај­но опас­ни средс­тва, по­со­чу­ва До­дов­ска.

ДОДОВСКА: Пос­лед­ни­те актив­но­сти на опо­зи­ци­ја­та, пред­во­де­на од СДСМ и од Зо­ран За­ев, се уште еден, би рек­ла, су­штин­ски до­каз за из­не­се­но­то. Би са­ка­ла да истак­нам де­ка це­нам де­ка е крај­но не­при­стој­но во­оп­што да се ди­ску­ти­ра за сним­ки­те од при­ват­ни­те те­ле­фон­ски раз­го­во­ри на по­е­дин­ци од оп­штес­тве­на­та и од јав­на­та сфе­ра во на­ша­та др­жа­ва, за кои е со­се­ма јас­но де­ка се се­ле­кти­ра­ни и во еден мош­не до­бро спа­ку­ван, би рек­ла „хо­ли­вуд­ски фа­зон“, изре­жи­ра­ни и ли­фе­ру­ва­ни во јав­но­ста би­деј­ќи тоа не са­мо што е не­вкус­но и де­гу­тант­но ту­ку во исто вре­ме прет­ста­ву­ва и се­ри­оз­но пре­кр­шу­ва­ње на устав­ни­от по­ре­док во Ре­пуб­ли­ка Ма­ке­до­ни­ја, со што се на­ру­шу­ва­ат нај­ос­нов­ни­те чо­ве­ко­ви сло­бо­ди и пра­ва, за­га­ран­ти­ра­ни за си­те гра­ѓа­ни ед­на­кво. Од тие при­чи­ни, мо­е­то лич­но мис­ле­ње е де­ка со ва­кви­от при­стап кон др­жав­ни­те и по­ли­тич­ки пра­ша­ња на СДСМ пред­во­ден од За­ев, на­ви­сти­на, по­ве­ќе од ко­га би­ло не мо­же да му се ве­ру­ва!

Го сме­та ли СДСМ на­ро­дот за ма­ло­у­мен, со ме­мо­ри­ја на злат­на рип­ка од це­ли три се­кун­ди? И афе­ра­та и во­ка­бу­ла­рот и спре­га­та со Ве­ру­шев­ски, кој бе­ше и глав­ни­от актер во 2001 го­ди­на во афе­ра­та „Го­ле­мо­то уво“ на прет­ход­ни­кот на За­ев, Бран­ко Цр­вен­ков­ски, се де­жа­ви. До­дов­ска ве­ли де­ка проб­ле­мот не е во ме­мо­ри­ја­та на на­ро­дот, ту­ку де­ка е во СДСМ, кој не мо­же да ја за­бо­ра­ви УДБА.

ДОДОВСКА: Сме­там де­ка во мен­тал­на­та ма­три­ца на СДСМ не по­стои во ви­стин­ска смис­ла на збо­рот кон­цепт за гра­ѓан­ско од­не­су­ва­ње и за лич­на од­го­вор­ност, ба­рем од се­то тоа што го има­ме ви­де­но до­се­га од нив­на­та пар­ти­ско-по­ли­тич­ка ели­та. Ви­де­те, тоа е сѐ уште еден мно­гу си­лен и мош­не за­тво­рен круг на дејс­тву­ва­ње, кој функ­ци­о­ни­ра по стро­ги­те пра­ви­ла на не­ко­гаш­на­та УДБА и во тој си­стем не мо­же­те да би­де­те си­гур­ни ни­ту во нас­ме­вки­те, ни­ту во кри­ти­ки­те, а нај­мал­ку во средс­тва­та со кои ќе се пос­лу­жат за да ја ос­тва­рат пред­ви­де­на­та цел. Тоа што ме­не лич­но ме за­гри­жу­ва, не е дејс­тву­ва­ње­то на Ве­ру­шев­ски и на дру­ги­те акте­ри во оваа афе­ра, ту­ку зад­ни­на­та и на­ме­ри­те на тие што ги под­др­жу­ва­ат овие не­ле­гал­ни дејс­тва и кои, ве­ро­јат­но, сѐ уште не го пре­зен­ти­ра­ат до­крај це­лос­но­то сце­на­рио, кое, очиг­лед­но, е на­со­че­но кон раз­не­би­ту­ва­ње­то на кре­вко­то ма­ке­дон­ско уни­тар­но др­жав­но тки­во.

Во од­нос на оче­ку­ва­ња­та за раз­вр­ска на оваа ква­зи­по­ли­тич­ка опо­зи­ци­ска бур­ле­ска, таа сме­та де­ка овие не­ле­гал­ни ли­фе­ру­ва­ња на при­ват­ни­те те­ле­фон­ски раз­го­во­ри се де­фо­ку­си­ра­ње на гра­ѓа­ни­те, т.е. на­ме­ра­та е со сноп од искр­ше­ни гран­чи­ња да се свр­ти вни­ма­ни­е­то од шу­ма­та. Да бе­ше по­и­на­ку, и да има ви­стин­ски до­ка­зи, тоа ќе го на­пра­веа во ин­сти­ту­ци­и­те на си­сте­мот, а не да ја пот­це­ну­ва­ат ин­те­ли­ген­ци­ја­та и мо­ќта на рас­у­ду­ва­ње на на­ро­дот.

ДОДОВСКА: Ва­кви­от при­стап кон др­жав­ни­те ра­бо­ти и на­чи­нот на кој во бра­но­ви се вр­ши де­ро­ги­ра­ње на ин­сти­ту­ци­и­те на си­сте­мот го­во­ри во при­лог на те­за­та де­ка СДСМ има на­ме­ра пре­ку „крв и игри“ да се иска­чи по­втор­но на др­жав­но­то кор­ми­ло и да ја спро­ве­де сво­ја­та крај­но не­де­мо­крат­ска по­ли­тич­ка од­маз­да кон сво­и­те не­и­сто­мис­ле­ни­ци, ка­ко и, на кра­јот од кра­и­шта­та, кон ма­ке­дон­ски­те гра­ѓа­ни, кои ре­чи­си не­пол­на де­це­ни­ја упор­но ѝ се опи­ра­ат на не­го­ва­та са­мо­прог­ла­се­на ле­ги­тим­ност за во­де­ње на др­жа­ва­та.

За До­дов­ска, ова е срам­но и, во исто вре­ме, крај­но не­се­ри­оз­но дејс­тву­ва­ње, кое на кра­јот на де­нот ќе оста­ви не­сог­лед­ли­ви пос­ле­ди­ци и го­ле­мо не­га­тив­но­то сал­до, но пред­ви­ду­ва де­ка овие про­це­си ќе би­дат пред­мет на по­се­ри­оз­на оп­сер­ва­ци­ја на не­кои ид­ни по­ко­ле­ни­ја, кои од ед­на по­го­ле­ма ди­стан­ца ќе има­ат мож­ност да го да­дат сво­јот суд за при­чи­ни­те по­ра­ди кои ма­ке­дон­ско­то пра­ша­ње оста­на не­ра­зре­ше­но во 21 век!

 За­ев 15 па­ти ре­че Зо­ран За­ев

Во рам­ки на пос­лед­но­то ин­терв­ју, ли­де­рот на СДСМ ду­ри 15 па­ти го из­го­во­ри сво­е­то име збо­ру­вај­ќи за се­бе во пре­поз­нат­ли­ви­от стил на тре­то ли­це ед­ни­на. „За­ев е крив? Ќе од­го­ва­ра!“ „Ако по­сег­не по ап­се­ње на За­ев…“ „За­ев ги сни­мал гра­ѓа­ни­те?“ „За­ев да се ин­фил­три­ра во Пет­та­та упра­ва?“ „До­кол­ку е до Зо­ран За­ев, ви га­ран­ти­рам де­ка…“ „За­ев ако го има, нај­ве­ро­јат­но…“„Да ви ја со­оп­штам каз­на­та за­вор за За­ев?“ „За­ев ако го има, нај­ве­ро­јат­но це­ли­от ма­те­ри­јал не е до­не­сен кај Зо­ран За­ев“. „Тоа што за­ви­си од СДСМ и од Зо­ран За­ев, га­ран­ти­рам де­ка не­ма да из­ле­зе!“ Ова е са­мо дел од го­во­рот на ли­де­рот, кој обо­жу­ва за се­бе да збо­ру­ва во тре­то ли­це ед­ни­на. Што ле­жи во зад­ни­на­та на оваа по­ја­ва? Хр­ват­ски­от пси­хо­лог д-р Вла­ди­мир Гру­ден за пор­та­лот „Днев­но“ ве­ли: Нив­ни­от го­вор е гла­му­ро­зен и тие сме­та­ат де­ка се из­диг­на­ле над обич­ни­от чо­век, од­нос­но де­ка се не­што по­ве­ќе и по­себ­ни. Што се од­не­су­ва на нив­но­то за­ед­нич­ко дејс­тву­ва­ње, тие ќе функ­ци­о­ни­ра­ат, но се во по­сто­јан конф­ликт. Зна­чи, ко­га та­кви три лич­но­сти се за­ед­но, тие се од­лич­но се сог­ла­су­ва­ат, но ко­га ед­на­та ја на­пу­шта со­ба­та, дру­ги­те две вед­наш ја оз­бо­ру­ва­ат. Лич­но­сти­те што збо­ру­ва­ат за се­бе во тре­то ли­це са­ка­ат да по­стиг­нат по­го­ле­ма по­чит, а иро­нич­но е што, всуш­ност, се нар­ци­со­ид­ни и мно­гу не­си­гур­ни во се­бе“. Пси­хо­ло­гот Мир­ја­на Криз­ма­ниќ, пак, во исти­от текст ве­ли: „Де­те­то во тре­та­та го­ди­на од жи­во­тот поч­ну­ва да упо­тре­бу­ва ’јас‘, па ло­гич­но е де­ка и 45-го­ди­шен чо­век не тре­ба да збо­ру­ва во тре­то ли­це ед­ни­на. Тоа е при­ми­ти­вен на­чин на изра­зу­ва­ње. Нор­мал­на, во­зрас­на лич­ност со про­сеч­ни спо­соб­но­сти знае да ка­же ’јас‘, а тој што не знае… Па зак­лу­че­те са­ми­те за ка­ков ка­па­ци­тет се ра­бо­ти!“