четврток, 25 мај 2017  |  Вести денес: 3

„Република“’: За што Милчин и СОРОС бараат „притисок“ од Ван Хауте?

Европскиот олеснувач на политичкиот дијалог, Белгиецот Питер Ван Хауте, денеска имаше конструктивен, но таен работен појадок во еден од локалите во скопско Дебар маало со довчерашниот прв човек на СОРОС во Македонија, Владимир Милчин, објави порталот Република.

van-milcin-520x212

Последни вести

Европскиот олеснувач на политичкиот дијалог, Белгиецот Питер Ван Хауте, денеска имаше конструктивен, но таен работен појадок во еден од локалите во скопско Дебар маало со довчерашниот прв човек на СОРОС во Македонија, Владимир Милчин, објави порталот Република.

Заедно со нив биле и уште неколкумина, меѓу кои и виден член на соросовите ќерки-организации, кои се борат против „Режимот“ во Македонија.

Што ли тоа му сервирал Милчин на „независниот екстперт“, за сега нема целосна информација. Но, според добро запознаени извори, на Ван Хауте му било посочувано дека „мора да се продолжи со притисокот“, пишува Република.

Дека нема заблуда „во превод“, се нагласува дека соговорниците зборувале македонски, а на маса била присутна и преведувачка која му пренесувала на Белгиецот.

Ваквата средба не е изненадувачка, а на поврзаноста и вмешаноста на СОРОС во тоа што се договара се укажува од поодамна.

Дури и законскиот предлог на Ван Хауте како нацрт-закон за медиумите предвидува вметнување на таканаречените невладини организации и експерти кои се под капата на СОРОС. Тие би требало да го заземат местото на медиумските работници, МАНУ и другите релевантни институции во државата.

СОРОС е тесно поврзан со активностите на СДСМ, а во мај минатата година се јави и како организатор на митингот на опозицијата.

Слична поврзаност со СДСМ има и олеснувачот кој што во Македонија е познат по неговата срдечност кон подмладокот на СДСМ, како и по активностите на социјалните мрежи против политиките на македонскиот држаен врв.

„Република“ очекува одговор од Владимир Милчин и од олеснувачот од Белгија за темата на „работниот појадок“ и за тоа на што се однесува барањето да не се отстапи од „притисокот“.

Најчитани вести