сабота, 22 јули 2017  |  Вести денес: 55

„Република“: Заев е долгогодишен добар пријател со газдата на дивоградбата „Цареви кули“ Коце Ристовски (Видео)

Kоце Ристовски, сопственик на „Цареви Кули“, хотелскиот комплекс во Струмица кој се најде во средиштето на вниманието заради најновата криминална афера со злоупотребата на градоначалникот Зоран Заев на Законот за легализација на дивоградбите, јасно и гласно потврди дека токму градоначалникот Зоран Заев му е долгогодишен пријател, пишува „Република“.

carevi-kuli-640x275

Поврзани вести

Kоце Ристовски, сопственик на „Цареви Кули“, хотелскиот комплекс во Струмица кој се најде во средиштето на вниманието заради најновата криминална афера со злоупотребата на градоначалникот Зоран Заев на Законот за легализација на дивоградбите, јасно и гласно потврди дека токму градоначалникот Зоран Заев му е долгогодишен пријател, пишува „Република“.

koce-ristevski-carevi-kuli-520x344 (1) pismo-koce-sredeno-520x212

Токму тоа и го тврдеше Република кога ја отвори оваа афера: дека е невозможно Зоран Заев да не знае кој е Коце Ристовски, сопственик на компанијата „Чам Чифлик Голд“ ДООЕЛ од Струмица, а притоа тој да може „на диво“ да изгради хотелски комплекс од над 600 квадратни метри, на државна парцела – пасиште од околу 1.000.000 метри квадратни, непосредно до новоизграден пат, во периодот меѓу 2011 и 2013 година, а потоа да го легализира преку злоупотреба на законот за легализација на дивоградбите. Притоа, истата компанија секоја година да зема дел од општинскиот тендерски „колач“, било тоа да е поправка на тротоари или материјали за дури 300 споменици во Струмица!

Screenshot-520x342 trotoari-520x84 tenderi-520x126

Во писмото испратено до медиумите Ристовски како аргументи посочува дека не постоел никаков криминал во изградбата на хотелскиот комплекс и дека тој бил граден повеќе години лично од него и од неговата сопруга, како и дека бил испочитуван законскиот рок за пријавување за легализација во секторот за урбанизам. Но, тоа што Ристовски го нагласува во реакцијата воопшто не е спорно.

Парцелата на која е легализиран хотелскиот комплекс

Парцелата на која е легализиран хотелскиот комплекс

Новоизграден пат од Струмица кој минува до „Цареви кули“

Новоизграден пат од Струмица кој минува до „Цареви кули“

akt201-zaev-carevi-kuli-018-520x313 (1) akt201-zaev-carevi-kuli-017-520x313 (1)

Никој не го спори времето на поднесување на барањето за легализација, туку фактот дека целиот комплекс е изграден по определената дата до која дивоградбите можат да добијат документи. Спорниот момент во целата афера е тоа дека според сателитските фотографии од алатките на Гугл за мапирање, со точно определена дата, покажуваат дека хотелскиот комплекс во март 2011 година воопшто не постоел. А законот за легализација ги опфаќа сите градби без одобрение што биле изградени пред тој да влезе во сила, односно трети март 2011 година. За тој факт Ристовски, исто како и општина Струмица, нема ниту збор.

 

akt201-zaev-carevi-kuli-021-520x778 (1)

akt201-zaev-carevi-kuli-020-520x771 (1)

akt201-zaev-carevi-kuli-019-520x759 (1)Ристовски „одговорно“ тврди „дека Зоран Заев нема никаква поврзаност со комплексот“. Според документите кои Ристовски ги поднел до општината има и Изјава дадена пред Нотар (Данче Шеримова, со број ОДУ 45/13 од 16.01.2013). Изјавите пред Нотар се даваат под кри­вич­на и матери­јал­на од­го­вор­ност, а во случаите за легализација на дивоградба се во насока на тоа дека барателот ­твр­ди де­ка бес­прав­ни­от об­јект е из­гра­ден пред вле­гу­ва­ње­то во си­ла на законот.

Газдата на „Цареви кули“, пред да и го подари хотелскиот комплекс на сопругата заедно со другите недвижнини, и на компанијата „Чам Чифлик Голд“ ДООЕЛ од Струмица, апелира до медиумите да прашале „било кого во Струмица“ за каков човек го сметале. Истата јавност на која се повикува Ристовски од него очекуваше одговори- докази дека објектот е изграден пред 03.03.2011 година и ако нема докази, како може и кои се адреси му овозможиле да го легализира објектот кој на сателитските фотографии се појавува меѓу 2011 и 2013 година? Вистината излегува на виделина за законите да може да важат за сите.

Наместо со одговори и докази дека објектот бил изграден пред 03.03.2011 година, Ристовски во јавноста излезе со празни редови, чија тежина не ги надминува четирите реченици во соопштението од Општина Струмица според кои „се е по законот“ и „медиумите лажат“.

strumica-za-carevi-520x636

Најчитани вести