Република: Заев го укина весникот „Политико“ затоа што пишувал за брат му

Се појави, траеше една недела и згасна – тоа е дневниот весник „Политико“, кој се издаде под уредничката капа на Саше Ивановски Политико. Имаше желба за дневен весник, доби шанса и ја загуби. Тоа изненади многмина, зашто чудно е оној што решил да финансира дневен весник да се откаже од идејата за само седум дена, пишува Република.

-Се шпекулираше дека лидерот на опозицијата Зоран Заев е финансиерот на „Политико“. Очигледно тоа не е само шпекулација. По затворањето на дневниот весник се дозна и причината за секнувањето на финансиите. Вистината за замирањето на опозицискиот весник, според извори на „Република“ е повлекувањето на парите од страна на Заев. Тој решил да ги повлече сите спонзорства лут поради натпис во весникот кој самиот тој го финансира. Ивановски објавил статија во која нашишал дека брат му на Заев гради катни гаражи и други објекти низ Пирлеп и одлично функционира со вмровската локална самоуправа, објави порталот.

Инаку, затворањето на „Политико“ предизвика реакции ја Бранко Геровски, уредникот на Слободен Печат и новинарката Јорданка Ивановска Јоци. Таа во својот статуспосочи дека од „Политико’ дознала дека брат му Заев си гради оргомна катна гаража во Прилеп. Ивановска напиша:

„Го читам Героски весникот на Саше го нарекува-пропагандистичко ѓубре. Можеби, но ако не беа и овие седум броја, јас немаше да дознаам дека брат му Заев си гради оргомна катна гаража во Прилеп , во вмровска општина, односно дека бизнис релациите на лидерот на СДСМ со оваа власт се одлични и хармонични до бесвест. Профитот на ниво. Едноставно кажано, тој е фигура во рацете на Груевски , се останато е фарса. Затоа и опозицијата е онаква каква што е-безживотна. Зошто би го уривал Груевски, кога баш се’ му е потаман на човекот !? Всушност, кога ќе размислам подобро, Сашево , со кој сериозно не се разбираме и не разговараме, да беше пропагандист, нечиј рекет- партнер, веројатно е дека ќе издадеше повеќе од 7 броја и ќе тераше најмалку до година“.

Ова го налути Геровски, кој почна да става статуси против Ивановска. Таа повторно врати, а меѓу другото напиша:

„Не му верувам на Саше, на неговите написи, па затоа и информацијата ја проверив кај неколку други луѓе, кои ми ја потврдија. Сепак Саше беше до вчера прв перјаник на Заев, полна уста му беше фалби за него, го сликаше тесното раководство на СДСМ по паркови на состаноци,добиваше реклами од Жерновски, очигледно е дека ваквите информации ги добил и ги знае од прва рака“.

Република: Демократскиот капацитет на Заев

Ваквиот потег на Заев зборува за неговиот демократски капацитет. „Поборникот“ за некаква слобода на медиумите, и човекот кој зборува за недостигот од слобода, за диктатура и за задушување на медиумите укина медиум. Тоа е доволен доказ дека тој веројатно и не знае што е слобода на медиуми. Да укинеш нов медиум само затоа што напишале нешто (што и не е негативно) за член на твојата фамилија е надвор од било какви демократски рамки.

Но ова покажува и уште нешто. Семејството на Заев и неговите фирми и фирми на неговите луѓе го водат бизнисот во Македонија сободно без никакви сопки и тромозења. Братот на лидерот на СДСМ гради во општина каде градоначалникот е од редовите на владејачката ВМРО-ДПМНЕ. Дали ова е одлика на една диктатура, пишува Република!