среда, 24 мај 2017  |  Вести денес: 0

„Република“: Заев ја доведе партијата до банкрот? (ДОКУМЕНТИ)

Се кри­јат глав­ни­те мо­ти­ви и це­ли зад За­е­ва­та фло­ску­ла „бор­ба за сло­бо­да и за де­мо­кра­ти­ја“, а тоа, пред сѐ, се па­ри­те, за се­бе и за пар­ти­ја­та. За­тоа и по се­ко­ја це­на стои на цр­ве­на­та ли­ни­ја СДСМ без из­бо­ри да вле­зе во вла­ста, кри­за­та да про­дол­жи, а из­бо­ри­те да се од­ло­жу­ва­ат, пишува неделникот „Република“ во својот нов број кој излезе денеска.

akt203-0

Поврзани вести

Кри­за­та во пре­ден план и За­ев ка­ко ли­дер на опо­зи­ци­ја­та ну­дат плашт зад кој се од­ви­ва­ат мно­гу дејс­тва што се по­са­ку­ва да оста­нат да­ле­ку од очи­те на до­маш­на­та и на ме­ѓу­на­род­на­та јав­но­ста. Но, и од очи­те на со­пар­тиј­ци­те и на под­др­жу­ва­чи­те на СДСМ. Се кри­јат глав­ни­те мо­ти­ви и це­ли зад За­е­ва­та фло­ску­ла „бор­ба за сло­бо­да и за де­мо­кра­ти­ја“, а тоа, пред сѐ, се па­ри­те, за се­бе и за пар­ти­ја­та. За­тоа и по се­ко­ја це­на стои на цр­ве­на­та ли­ни­ја СДСМ без из­бо­ри да вле­зе во вла­ста, кри­за­та да про­дол­жи, а из­бо­ри­те да се од­ло­жу­ва­ат, пишува неделникот „Република“ во својот нов број кој излезе денеска.

akt203-0

Имај­ќи ги пред­вид до­ку­мен­ти­те до кои дој­де „Ре­пуб­ли­ка“,ме­сто да се фо­ку­си­ра на из­бо­ри­те до­го­во­ре­ни на 24 април, во сог­лас­ност со До­го­во­рот од Пр­жи­но, За­ев ма­ка ма­чел ка­ко да го про­дол­жи хи­по­те­кар­ни­от до­го­вор со кој Ко­мер­ци­јал­на бан­ка во за­лог го има се­ди­ште­то на СДСМ. За по­тсе­ту­ва­ње, кре­ди­тот што на 19 април 2011 го­ди­на го зе­де то­гаш­ни­от прет­по­ста­вен на За­ев, Бран­ко Цр­вен­ков­ски, исте­че на 19 април 2016 го­ди­на. Ток­му за­тоа, За­ев, ве­ро­јат­но, и ги акти­ви­ра­ше „при­ја­те­ли­те од над­вор“, под из­го­вор за, бо­жем, спор­ни гла­са­чи и ме­ди­ум­ски ре­гу­ли­ра­ња, са­мо за да се спре­чат из­бо­ри­те, до­де­ка тој ус­пее да го про­дол­жи ро­кот на кре­дит­на­та ли­ни­ја.

Су­деј­ќи спо­ред до­ку­мен­ти­те, ка­ко и спо­ред слу­чу­ва­ња­та од тој пер­и­од, ме­ѓу од­лу­ка­та на Цен­трал­ни­от од­бор на пар­ти­ја­та за про­дол­жу­ва­ње на до­го­во­рот за кре­дит со таа бан­ка и пот­пи­шу­ва­ње­то на ане­ксот на тој до­го­вор за до­пол­ни­тел­ни но­ви пет го­ди­ни, од­нос­но до 19.4.2021 го­ди­на, во јав­но­ста се по­ја­ви уште ед­но ау­дио од фо­но­те­ка­та на За­ев со кри­ми­нал­но прис­лу­шу­ва­ни раз­го­во­ри. Тоа бе­ше раз­го­вор ток­му на ди­ре­кто­рот на Ко­мер­ци­јал­на бан­ка, Ха­ри Ко­стов, од „фо­но­те­ка“ што За­ев ја за­др­жа и не ја пре­да­де во СЈО. Таа „фо­но­те­ка“ со­др­жи ве­ро­јат­но исто тол­ку раз­го­во­ри кол­ку што, на­вод­но, пре­да­де до СЈО, па се по­ста­ву­ва пра­ша­ње­то, кол­ку мо­же да би­де ко­ин­ци­ден­ци­ја ток­му то­гаш да се слу­чи об­ја­ву­ва­ње на оваа сним­ка. Во­ед­но, таа „слу­чај­ност“ е дел и од од­го­во­рот на пра­ша­ње­то – зо­што бе­ше пу­штен раз­го­вор на Ха­ри Ко­стов, по­ра­не­шен ми­ни­стер и пре­ми­ер од ре­до­ви­те на СДСМ, и ка­ква вр­ска има тој раз­го­вор со „Сло­бо­да­та и де­мо­кра­ти­ја­та“?

(Де)Акти­ви­ра­на хи­по­те­ка

Ако Бран­ко Цр­вен­ков­ски ја за­дол­жи СДСМ, Зо­ран За­ев ја до­ве­де до бан­крот. Ка­ко по­и­на­ку да се тол­ку­ва тоа што хи­по­те­кар­ни­от кре­дит од Ко­мер­ци­јал­на бан­ка зе­мен во 2011 го­ди­на, со анекс на до­го­во­рот е про­дол­жен до 2021 го­ди­на?

Ко­га Зо­ран За­ев ста­на нов пре­тсе­да­тел на СДСМ си­те ве­леа де­ка „ја ку­пил“ би­деј­ќи бил фи­нан­си­ски нај­мо­ќен. Но, отка­ко е За­ев на че­ло, пар­ти­ја­та ја тре­сат кри­ми­нал­ни афе­ри, а не за­о­ста­ну­ва ни­ту Оп­шти­на Стру­ми­ца, ка­де што е гра­до­на­чал­ник и „ло­ка­лен ше­риф“. Пра­ша­ње­то што се отво­ра се­га е да­ли За­ев ја ко­ри­сти си­ту­а­ци­ја­та и пре­ку тен­де­ри­те во Стру­ми­ца и оп­шти­ни­те во кои СДСМ е на власт ја одр­жу­ва пар­ти­ја­та во жи­вот?

До­ку­мен­та­ци­ја­та на „Ре­пуб­ли­ка“ по­ка­жу­ва де­ка За­ев ка­ко пре­тсе­да­тел и Оли­вер Спа­сов­ски ка­ко од­го­во­рен за ма­те­ри­јал­но- фи­нан­си­ско ра­бо­те­ње на пар­ти­ја­та, во име на СДСМ од ед­на и Ко­мер­ци­јал­на бан­ка а.д. Скоп­је од дру­га стра­на, пот­пи­шу­ва­ат Анекс број 1 кон До­го­во­рот за за­лог на нед­ви­жен имот со својс­тво на из­врш­на ис­пра­ва, склу­чен на ден 27 април 2016 го­ди­на, со кој врз ос­но­ва на Анекс број 1 кон До­го­во­рот за рам­ко­вен ре­вол­винг кре­дит-ли­мит (РРКЛ) се ме­ну­ва и до­пол­ну­ва ро­кот за вра­ќа­ње на кре­ди­тот зе­мен во 2011 го­ди­на. Та­ка, ме­сто СДСМ да го вра­ти дол­гот зак­луч­но со 19 април 2016 го­ди­на, пар­ти­ја­та го про­дол­жу­ва до­го­во­рот за за­дол­жу­ва­ње од 1,6 ми­ли­о­ни евра со рок за вра­ќа­ње до 19 април 2021 го­ди­на.

Всуш­ност, се ра­бо­ти за хи­по­те­ка­рен кре­дит што во 2011 го­ди­на во име на СДСМ го зе­ма то­гаш­ни­от пар­ти­ски пре­тсе­да­тел Бран­ко Цр­вен­ков­ски од Ко­мер­ци­јал­на бан­ка во ви­си­на од 1.600.000 евра (еден ми­ли­он и ше­сто­ти­ни ил­ја­ди евра), со на­ме­на за фи­нан­си­ра­ње на пар­ти­ска­та из­бор­на кам­па­ња.

До­го­во­рот за за­лог на нед­ви­жен имот од 28 април 2011 го­ди­на има својс­тво на из­врш­на ис­пра­ва. Хи­по­те­ка­та е впи­ша­на и на имот­ни­те ли­сто­ви за зем­ји­ште­то и на об­је­ктот на цен­тра­ла­та на СДСМ; ка­ко обез­бе­ду­ва­ње за па­рич­но­то по­ба­ру­ва­ње од Ко­мер­ци­јал­на бан­ка во ви­си­на од 1.600.000 евра.1

Пар­ти­ја­та во април го­ди­на­ва се сог­ла­су­ва, спо­ред До­го­во­рот од 2011 го­ди­на и спо­ред Ане­ксот од 2016 го­ди­на, да се зас­но­ва за­лож­но-прав­на хи­по­те­ка во ко­рист на Ко­мер­ци­јал­на бан­ка врз нед­виж­ни­от имот со си­те до­град­би и над­град­би се­га и во ид­ни­на, за обез­бе­ду­ва­ње на по­ба­ру­ва­ње­то, кое прет­ста­ву­ва збир од глав­ни­на­та од 1.600.000 евра и зго­ле­ме­но со ка­ма­ти­те и со тро­шо­ци­те, про­ви­зи­и­те, да­но­ци­те и со си­те дру­ги тро­шо­ци што мо­же да про­из­ле­зат во слу­чај на при­сил­на нап­ла­та.

akt203-8 akt203-9 akt203-10

СДСМ ги за­ло­жил и ра­ди­ја­то­ри­те

Од­лу­ка­та за за­дол­жу­ва­ње и за­ло­жу­ва­ње под хи­по­те­ка по­ми­на­ла и на Цен­трал­ни­от од­бор на 25 март 2016 го­ди­на, спо­ред ко­ја се да­ва пра­во да се сме­ни и про­дол­жи ро­кот на хи­по­те­кар­ни­от долг на пар­ти­ја­та, а но­во­то за­дол­жу­ва­ње се до­пол­ну­ва со обез­бе­ду­ва­ње под­ви­жен имот и ме­ни­ци. На сед­ни­ца­та, по­крај чле­но­ви­те на ЦО, би­ле по­ка­не­ти и чел­ни­ци­те од над­зор­ни­от од­бор, за­дол­же­ни­от за ме­ѓу­на­род­на со­ра­бо­тка, скоп­ска­та ор­га­ни­за­ци­ја, пра­те­нич­ка­та гру­па, гра­до­на­чал­ни­ци­те и дру­ги што не­ма­ат пра­во да до­не­су­ва­ат од­лу­ки.

Спо­ред за­пис­ни­кот од сед­ни­ца­та, ка­ко под­ви­жен имот ЦО на СДСМ во Ко­мер­ци­јал­на бан­ка ги за­ло­жу­ва и си­сте­мот за гре­е­ње, ла­де­ње и вен­ти­ла­ци­ја, ра­ди­ја­то­ри­те, си­сте­мот за про­ве­тру­ва­ње на са­ни­тар­ни­те јаз­ли, топ­лин­ска­та пот­ста­ни­ца, еле­ктрич­ни­от топ­ло­во­ден ко­тел, ре­ди­ца пум­пи и вен­ти­ли, си­те во сопс­тве­ност на пар­ти­ја­та, а про­це­не­ти од струч­ни­те служ­би на бан­ка­та.

Цен­трал­ни­от од­бор дал сог­лас­ност СДСМ да из­да­де и три сопс­тве­ни ак­цеп­ти­ра­ни ме­ни­ци со ме­нич­ни из­ја­ви со сог­лас­ност бан­ка­та да ги по­пол­ни и упо­тре­би за нап­ла­та на по­ба­ру­ва­ња­та без про­тест. Спо­ред за­пис­ни­кот од сед­ни­ца­та на ЦО, ге­не­рал­ни­от се­кре­тар Оли­вер Спа­сов­ски по­со­чил де­ка од­лу­ка­та е со цел „да ја др­жи отво­ре­на рам­ка­та за кре­дит од 19.4.2011 го­ди­на до 19.4.2016 го­ди­на“. Се на­ве­ду­ва и де­ка во рас­пра­ва­та по оваа точ­ка учес­тву­вал и Зо­ран За­ев, по што оваа пред­лог-од­лу­ка е ед­ног­лас­но усво­е­на.

akt203-5

Те­ле­фон­ски­от раз­го­вор на Ко­стов за обез­бе­ду­ва­ње на ро­кот

Ток­му во пер­и­о­дот ме­ѓу пар­ти­ска­та про­це­ду­рал­на од­лу­ка за за­дол­жу­ва­ње и офи­ци­ја­ли­зи­ра­ње­то на до­го­во­рот со Ко­мер­ци­јал­на бан­ка со што на пар­ти­ја­та ѝ се овоз­мо­жу­ва кре­дит­на­та ли­ни­ја да ја ко­ри­сти и отп­ла­ќа до 2021 го­ди­на, слу­чај­но или не, на ин­тер­нет бе­ше об­ја­вен раз­го­вор на ди­ре­кто­рот на Ко­мер­ци­јал­на бан­ка Ха­ри Ко­стов. Ста­ну­ва збор за раз­го­вор што по­тек­ну­ва од ко­лек­ци­ја­та прис­лу­шу­ва­ни раз­го­во­ри што не за­вр­ши­ја кај Ка­ти­ца Ја­не­ва во СЈО, ту­ку оста­наа по фол­де­ри­те кај лу­ѓе бли­ски на СДСМ. Да се по­тсе­ти­ме, дел од овие про­тив­за­кон­ски сни­ме­ни раз­го­во­ри беа нај­де­ни кај За­хир Бе­ки­ри- Ча­у­шот, Зо­ран Бо­жи­нов­ски се по­фа­ли пре­ку со­ци­јал­ни­те мре­жи де­ка има це­ли комп­ју­тер­ски пап­ки со раз­го­во­ри, а дел од нив об­ја­ву­ваа и дру­ги поз­на­ти чле­но­ви на СДСМ.

На сним­ка­та мо­же да се слуш­не при­ва­тен раз­го­вор ме­ѓу двај­ца при­ја­те­ли на функ­ци­ја во ко­ја од Ха­ри Ко­стов се ба­ра по­мош за вра­бо­ту­ва­ње де­те на тре­то ли­це. Во раз­го­во­рот не­ма ни­што не­ле­ги­тим­но, Ко­стов пред­ла­га кан­ди­да­тот да се при­ја­ви за ра­бо­та, да по­ми­не низ те­сти­ра­ња­та и фил­три­те, без ни­ка­кви от­стап­ки или, ка­ко што ве­ли, „ќе ви­ди­ме“. Во на­та­мош­ни­от тек на при­ват­ни­от раз­го­вор ста­ну­ва збор за мно­гу при­ват­ни се­којд­нев­ни ра­бо­ти, кој кол­ку и ка­де веж­бал, кој ка­де ќе одел на ви­кенд, де­та­ли од се­којд­не­ви­е­то и дејс­тву­ва­ња­та со бла­га до­за на ху­мор – својс­тве­но за се­којд­не­вен те­ле­фон­ски раз­го­вор ме­ѓу двај­ца поз­нај­ни­ци. Но, во еден мо­мент, го­во­реј­ќи за „та­би­е­ти­те“ на лу­ѓе­то, ди­ре­кто­рот ка­ко низ смеа по­со­чу­ва „Дај му кре­дит што не тре­ба да го вра­ќа и ќе ви­диш ка­ко ќе би­деш нај­до­бар за не­го“.

Ин­те­рес­но е што овој раз­го­во­рот на Ко­стов во јав­но­ста бе­ше об­ја­вен на 28 март, не­кол­ку де­на по од­лу­ка­та на СДСМ да го про­дол­жи ро­кот на кре­ди­тот и пред ко­неч­но­то пот­пи­шу­ва­ње на до­го­во­рот со бан­ка­та. Не мо­же а да не се по­вр­зат овие слу­чу­ва­ња во ни­за, од­нос­но да не се по­ста­ви пра­ша­ње ка­ква уло­га оди­гра сним­ка­та при скло­пу­ва­ње на овој „до­го­вор“? Да­ли пре­ку овој на­ви­дум не­вин раз­го­вор, всуш­ност, За­ев му ис­пра­ти по­ра­ка на Ко­стов да не ни по­мис­лу­ва да от­ста­пи и да не го про­дол­жи до­го­во­рот или да ја акти­ви­ра хи­по­те­ка­та? Или, на­род­ски ка­жа­но, об­ја­ву­ва­ње­то на сним­ка­та бе­ше во функ­ци­ја на кла­сич­на уце­на и зап­ла­шу­ва­ње – или ќе се про­дол­жи ро­кот и не­ма да би­де акти­ви­ра­на хи­по­те­ка­та или ќе би­дат еми­ту­ва­ни и дру­ги по­соч­ни раз­го­во­ри на Ха­ри Ко­стов?

Ко­га во 2011 го­ди­на Бран­ко Цр­вен­ков­ски го зе­де хи­по­те­кар­ни­от кре­дит од Ха­ри Ко­стов, во до­го­во­рот, во чле­нот 10 се на­ве­ду­ва де­ка две­те стра­ни се сог­ла­су­ва­ат де­ка до­го­во­рот е из­вр­шен по из­ми­ну­ва­ње на ро­кот на до­ста­са­ност ко­га долж­ни­кот не­ма да ги из­вр­ши сво­и­те об­вр­ски. По­тоа СДСМ во својс­тво на Долж­ник За­ло­жен Долж­ник кон­крет­но из­ја­ву­ва де­ка се сог­ла­су­ва во слу­чај на не­го­во доц­не­ње, а со цел да се одр­жи, до­чу­ва и про­да­де за­ло­же­на­та нед­виж­ност, до­ве­ри­те­лот (бан­ка­та) да мо­же не­по­сред­но да спро­ве­де при­сил­но из­вр­шу­ва­ње, исе­лу­ва­ње и од­зе­ма­ње на за­ло­гот од СДСМ.

Или по­ед­но­ста­ве­но, ако СДСМ не го вра­ти дол­гот на­вре­ме и ако За­ев не „из­дејс­тву­ва­ше“ про­дол­жу­ва­ње на кре­ди­тот, бан­ка­та ќе има­ше пра­во да ја акти­ви­ра хи­по­те­ка­та и да го од­зе­ме за­ло­же­ни­от имот, со што пар­ти­ја­та, пра­ктич­но, ќе оста­не­ше, бу­квал­но, на ули­ца.

Ка­ко дој­де до пр­ви­от кре­дит?

Бран­ко Цр­вен­ков­ски ка­ко единс­твен прет­став­ник на До­го­во­рот за хи­по­те­кар­ни­от кре­дит склу­чен на ден 26 април 2011 го­ди­на, по од­лу­ка на Кре­дит­ни­от од­бор на Ко­мер­ци­јал­на бан­ка на 19.4.2011 го­ди­на ја за­дол­жу­ва пар­ти­ја­та за 1,6 ми­ли­о­ни евра. Спо­ред овој до­го­вор, СДСМ и Ко­мер­ци­јал­на бан­ка спо­год­бен ја опре­де­ли­ле приб­лиж­на­та вред­ност на нед­виж­ни­от имот на два ми­ли­о­на евра во де­нар­ска про­тив­вред­ност.

Кре­ди­тот бе­ше по­диг­нат за да мо­же да се фи­нан­си­ра из­бор­на­та кам­па­ња, што пре­диз­ви­ка ре­ак­ци­ја во јав­но­ста око­лу ле­ги­тим­но­ста на та­кви­от вид фи­нан­си­ра­ње со ог­лед на фа­ктот де­ка из­бор­ни­от за­кон не го доз­во­лу­ва тоа.

– Од­лу­ка­та да се зе­ме хи­по­те­ка­рен кре­дит е до­не­се­на на сед­ни­ца на Цен­трал­ни­от од­бор на СДСМ на 20 април го­ди­на­ва. Овие па­ри се дел од рам­ков­ни­от хи­по­те­ка­рен кре­дит зе­мен од Ко­мер­ци­јал­на бан­ка. Вкуп­на­та вред­ност на рам­ка­та е 1,6 ми­ли­о­ни евра. Ќе пов­ле­ку­ва­ме па­ри во за­вис­ност од тоа ка­ко ни тре­ба­ат – бе­ше пар­ти­ски­от став за јав­но­ста.

По пар­ла­мен­тар­ни­те из­бо­ри таа го­ди­на СДСМ го при­ка­жа кре­ди­тот од Ко­мер­ци­јал­на бан­ка ка­ко „до­на­ци­ја“, но Др­жав­на­та ко­ми­си­ја за спре­чу­ва­ње ко­руп­ци­ја­та не го при­фа­ти тоа, ни­ту сме­та­ше де­ка е доз­во­ле­но кре­дит да би­де из­вор на фи­нан­си­ра­ње­то, па под­не­се кри­вич­на при­ја­ва. Иста­та при­ја­ва по­доц­на би­ла сто­пи­ра­на.

Кре­дит од Ко­мер­ци­јал­на бан­ка е зе­мен и за из­бо­ри­те во 2013 го­ди­на, би­деј­ќи во пар­ти­ја­та се убе­де­ни де­ка кре­ди­тот е доз­во­лен за пла­ќа­ње­то на тро­шо­ци­те во кам­па­ња­та.

От­ту­ка се на­мет­ну­ва ди­ле­ма­та да­ли За­ев и СДСМ па­ри­те од об­но­ве­ни­от кре­дит по­втор­но про­тив­за­кон­ски ќе ги ко­ри­стат за фи­нан­си­ра­ње на из­бор­ни­те кам­па­њи за прет­стој­ни­те пред­вре­ме­ни пар­ла­мен­тар­ни и ло­кал­ни из­бо­ри?

akt203-4

Чиј е об­је­ктот да­ден под хи­по­те­ка?

Се­ди­ште­то на СДСМ, всуш­ност, е др­жа­вен имот, кој го до­би­ва во 1993 го­ди­на со не­кол­ку управ­ни по­стап­ки, со за­ме­на на зем­ји­шта и упи­си во­де­ни во Град Скоп­је, Kата­ста­рот и во Ми­ни­стерс­тво­то за фи­нан­сии. СДСМ го здо­би­ва имо­тот без ни­ка­ков на­до­мест, кој ми­на­ти­те пет, а и след­ни­те пет го­ди­ни ќе би­де под хи­по­те­ка во Ко­мер­ци­јал­на бан­ка. Овој др­жа­вен имот прет­ход­но бил на ко­ри­сте­ње на Ми­ни­стерс­тво­то за на­у­ка, ка­ко и на Ру­дар­ски­от ин­сти­тут и на Ми­ни­стерс­тво­то за кул­ту­ра.

СДСМ во 1991 го­ди­на под­нел при­ја­ва во Град­ски­от се­кре­та­ри­јат за вна­треш­ни ра­бо­ти при Со­бра­ни­е­то на Град Скоп­је де­ка Со­ју­зот на ко­му­ни­сти­те на Ма­ке­до­ни­ја го ме­ну­ва име­то во Со­ци­јал­де­мо­крат­ски со­јуз. Со тоа СДСМ ус­пе­ва да до­бие имо­тен лист де­ка по­се­ду­ва згра­ди во Град­ски ѕид на бу­ле­вар Илин­ден б.б. во Скоп­је, кои, спо­ред Ре­ше­ни­е­то на ге­о­дет­ска­та упра­ва од 1993 го­ди­на, всуш­ност, се стан­бе­ни згра­ди што ги гра­дел и по­се­ду­вал Цен­трал­ни­от ко­ми­тет на СKМ – Скоп­је.

По­тоа со До­го­вор за за­ме­на на дви­жен и на нед­ви­жен имот со Ми­ни­стерс­тво­то за фи­нан­сии, со кој др­жа­ва­та, за сме­тка на стан­бе­ни­те згра­ди што ги при­сво­ју­ва пар­ти­ја­та со про­ста про­ме­на на име, на СДСМ му до­де­лу­ва имот на ули­ца Би­ха­ќка, од­нос­но де­неш­но­то се­ди­ште на пар­ти­ја­та на ули­ца Па­вел Ша­тев во Скоп­је.

Или, упро­сте­но, со имот из­гра­ден од па­ри на гра­ѓа­ни­те СДСМ пра­ви за­ме­на за друг имот, кој е др­жа­вен и кој де­не­ска е нив­ни пар­ти­ски штаб.

За склу­чу­ва­ње на До­го­во­рот е до­не­се­на од­лу­ка на Вла­да, во ко­ја пре­ми­ер е Бран­ко Цр­вен­ков­ски, ина­ку и пре­тсе­да­тел на СДСМ и пар­ти­ски шеф на Ни­ко­ла По­пов­ски, кој ка­ко пар­ти­ски се­кре­тар се пот­пи­шу­ва на До­го­во­рот. Во име­то на др­жа­ва­та е пот­пи­шан то­гаш­ни­от ми­ни­стер за фи­нан­сии Џев­дет Ха­јре­ди­ни. По­крај згра­да­та и пар­це­ла­та, со До­го­во­рот СДСМ го при­гра­бу­ва и це­ли­от под­ви­жен имот што се на­о­ѓал во не­го, од­нос­но кан­це­ла­ри­ски ме­бел, во­зи­ла и слич­но. Вед­наш по­тоа во 1993 го­ди­на е на­пра­ве­на и про­ме­на во Ге­о­дет­ска­та упра­ва. Во 1998 го­ди­на СДСМ ба­ра од ка­тастaрот да на­пра­ви упис на сопс­тве­но­ста на зем­ји­ште­то на име на СДСМ.

tri-1 cetiri-1 pet

 

И ПЕИ долж­ник кај Ко­стов

СДСМ ка­ко пра­вен суб­јект не е единс­тве­на­та пар­ти­ја од опо­зи­ци­ја­та што има дол­го­ви и хи­по­те­ки „во ми­ру­ва­ње“ во бан­ка­та на Ко­стов. „Ре­пуб­ли­ка“ доз­на­ва де­ка парт­не­рот на За­ев, ко­а­ли­ци­ски­от со­бо­рец Фи­ат Ца­но­ски и не­го­ва­та фир­ма „Фи­не“ има из­врш­но ре­ше­ние за нап­ла­та на хи­по­те­ка­рен долг вре­ден ме­ѓу 5 и 7.000.000 евра во Ко­мер­ци­јал­на бан­ка. Ца­но­ски, ка­ко што не­о­дам­на бе­ше об­ја­ве­но во ме­ди­у­ми­те, во 2011 го­ди­на под­не­л ба­ра­ње за ле­га­ли­за­ци­ја на 1.151 ква­драт­ни ме­три до­град­ба на об­је­ктот ФОН, а по­стап­ка­та сè уште не е за­вр­ше­на, па ТД „Фи­не“ д.о.о. Скоп­је, во мо­мен­тов, не­ма имо­тен лист со вкуп­на­та из­гра­де­на по­вр­ши­на на об­је­ктот. Всуш­ност, низ бан­кар­ски­те ку­ло­а­ри ве­лат де­ка се че­ка ле­га­ли­за­ци­ја­та на об­је­ктот за да мо­же да се нап­ла­ти дол­гот кон бан­ка­та. Но, се до­да­ва де­ка тоа не е единс­тве­ни­от долг и де­ка „на врат“ има уште ед­но из­врш­но ре­ше­ние за нап­ла­та на хи­по­те­ка­рен кре­дит вре­ден ме­ѓу 3 и 5.000.000 евра во Ту­тун­ска бан­ка. Пра­ша­ње­то е да­ли зад не­а­кти­ви­ра­ње­то на ова из­врш­но ре­ше­ние не­ма за­тку­лис­ни од­но­си на Ца­но­ски со ли­це во бан­ка­та во Ма­ке­до­ни­ја? Ком­па­ни­ја­та на Ца­но­ски е долж­ник и на др­жа­ва­та по ос­но­ва на не­нап­ла­тен да­нок во ви­си­на од око­лу еден ми­ли­он евра.

Најчитани вести