„Република“: Заев во нов голем криминал во Струмица?

Со пот­пис на стру­мич­ки­от гра­до­на­чал­ник Зо­ран За­ев хо­тел­ски­от комп­лекс „Ца­ре­ви ку­ли“ е ле­га­ли­зи­ран на 3.7.2013 го­ди­на. На ре­ше­ни­е­то за утвр­ду­ва­ње пра­вен ста­тус на бес­пра­вен об­јект стои де­ка из­ве­сен Ри­стов­ски Ко­це од Стру­ми­ца под­нел ба­ра­ње со опре­де­лен број од 3.9.2011 го­ди­на за ле­га­ли­за­ци­ја на хо­тел­ски­от комп­лекс, по­ткре­пе­но со ге­о­дет­ски ела­бо­рат за по­себ­ни на­ме­ни, со че­ти­ри згра­ди од кои пр­ва­та со стан за­ве­ден со број 1 на при­зем­је од 260 ква­драт­ни ме­три, по­мош­на про­сто­ри­ја од се­дум ква­драт­ни ме­три и стан број 2 на кат со по­вр­ши­на од 222 ква­драт­ни ме­три, објавува неделникот Република во денешниот број.

Документите и фотографиите до кои дојде Република покажуваат дека Заев со решение легализирал објект – хотелски комплекс кој е изграден по законскиот рок од март 2011 година. Повторно, се работи за бизнисмен кој е добро познат на Заев и општинската администрација како сопственик на компанија која често добива општински тендери. Откако со законот за легализација го реши проблемот со „Глобал“, за кој беше помилуван, го злоупотребува ли Заев сега законот и за своите соработници?

zaev-carevi-kuli-2

Вто­ра­та згра­да има два ста­на со стан­бе­на по­вр­ши­на од 20 и од 15 ква­драт­ни ме­тра, тре­та­та згра­да има пет ста­на со од 15 до 20 ква­драт­ни ме­тра, до­де­ка згра­да­та со број 4 има стан­бе­на по­вр­ши­на од 16 ква­драт­ни ме­три. Си­те тие се на при­зем­је.

Или, спо­ред до­ку­мен­тот за ле­га­ли­за­ци­ја, ба­ра­те­лот Ри­стов­ски Ко­це од Стру­ми­ца под­нел ба­ра­ње за утвр­ду­ва­ње пра­вен ста­тус на бес­прав­ни об­је­кти, хо­тел­ски комп­лекс, оз­на­че­ни во ге­о­дет­ски­от ела­бо­рат ка­ко згра­да бр. 1 со ви­си­на П+1, при­зем­је и кат, и згра­да бр. 2, 3 и 4 со ви­си­на П (при­зем­је), со на­ме­на Б5 – хо­тел­ски комп­ле­кси, на КП бр. 7895/2 во КО Стру­ми­ца, за­пи­ша­на во имо­тен лист бр. 14614, со вкуп­на по­вр­ши­на од 645 ква­драт­ни ме­три.

akt201-zaev-carevi-kuli-021-520x778 akt201-zaev-carevi-kuli-020-520x771 akt201-zaev-carevi-kuli-019-520x759

Спо­ред Ре­ше­ни­е­то, ба­ра­те­лот до­нел и ге­о­дет­ски ела­бо­рат, сме­тка за пла­те­на еле­ктрич­на енер­ги­ја од 28.2 2011 го­ди­на од ЕВН Ма­ке­до­ни­ја; по­тоа имо­тен лист за пар­це­ла­та, сопс­тве­ност на РМ, а со пра­во на ко­ри­сте­ње на ЈП за сто­па­ни­су­ва­ње со па­си­шта – Скоп­је. Ме­ѓу под­не­се­ни­те до­ку­мен­ти се на­ве­де­ни и За­пис­ник од увид на са­мо­то ме­сто од 23.1.2013 го­ди­на, Од­лу­ка на Со­ве­тот од 6.6.2013 го­ди­на за утвр­ду­ва­ње по­тре­ба од до­не­су­ва­ње ур­ба­ни­стич­ко-план­ска до­ку­мен­та­ци­ја за усог­ла­су­ва­ње на на­ме­на­та на зем­ји­ште­то, ка­ко и Ур­ба­ни­стич­ка сог­лас­ност од 27.6.2013 го­ди­на. Гра­до­на­чал­ни­кот на оп­шти­на Стру­ми­ца, по разг­ле­ду­ва­ње на при­ло­же­на­та до­ку­мен­та­ци­ја, кон­ста­ти­ра де­ка се ис­пол­не­ти ус­ло­ви­те за до­не­су­ва­ње ре­ше­ние за утвр­ду­ва­ње пра­вен ста­тус на бес­прав­ни­от об­јект, стои на сво­е­рач­но пот­пи­ша­ни­от до­ку­мент од Зо­ран За­ев, на ден 3.7.2013 го­ди­на.

И се­то тоа би би­ло фер и нор­мал­но, до­кол­ку во за­ко­нот за ле­га­ли­за­ци­ја на ди­во­град­би­те не сто­е­ше де­лот де­ка пред­мет на ле­га­ли­за­ци­ја мо­же да би­дат об­је­кти што се из­гра­де­ни, од­нос­но по­сто­е­ле пред март 2011 го­ди­на. Или пре­циз­но, ка­ко што стои во за­ко­нот, ус­лов е об­је­ктот што тре­ба да се ле­га­ли­зи­ра да е из­гра­ден зак­луч­но со 3 март 2011 го­ди­на.

Спо­ред за­ко­нот за ле­га­ли­за­ци­ја на ди­во­град­би, по­стап­ка­та за утвр­ду­ва­ње на прав­ни­от ста­тус на бес­прав­ни­от об­јект ба­ра до­каз за прик­лу­чок на ко­му­нал­на ин­фра­стру­кту­ра и/или сме­тки за јав­ни ус­лу­ги (стру­ја, во­да итн.), а до­кол­ку бес­прав­ни­от об­јект не­ма ин­фра­стру­ктур­ни прик­лу­чо­ци, из­ја­ва за­ве­ре­на на но­тар да­де­на под кри­вич­на и ма­те­ри­јал­на од­го­вор­ност со ко­ја ба­ра­те­лот ќе по­твр­ди де­ка бес­прав­ни­от об­јект е из­гра­ден пред вле­гу­ва­ње­то во си­ла на овој за­кон.

Иа­ко ба­ра­те­лот Ри­стов­ски Ко­це од Стру­ми­ца со до­ку­мен­ти­те за ле­га­ли­за­ци­ја под­нел и сме­тка за пла­те­на еле­ктрич­на енер­ги­ја од 28.2.2011 го­ди­на од ЕВН Ма­ке­до­ни­ја, фа­ктич­ка­та со­стој­ба на те­ре­нот пока­жу­ва­ со­се­ма дру­го.

akt201-zaev-carevi-kuli-018-520x313 akt201-zaev-carevi-kuli-017-520x313

Са­те­лит­ска­та фо­то­гра­фи­ја од пре­ба­ру­ва­чот на ин­тер­нет „Гугл“ и не­го­ви­те ала­тки, по­ка­жу­ва­ат де­ка на те­ре­нот ка­де што се на­о­ѓа ле­га­ли­зи­ра­ни­от хо­тел­ски комп­лекс, со да­тум од 10 март 2011 го­ди­на, има со­се­ма дру­га со­стој­ба. Ту­ка има са­мо два об­је­кта, од кои во про­е­ктот, од­нос­но ге­о­дет­ски­от ела­бо­рат, еден ве­ќе не по­стои, а вториот е зградата со бр.4. При­тоа, два­та об­је­кта за­ед­но не­ма­ат вкуп­на по­вр­ши­на од 40-ина ква­драт­ни ме­три.

На фо­то­гра­фи­ја­та, пак, од исти­от те­рен, пре­ку иста­та ала­тка, го има це­ли­от об­јект, но на 4 сеп­тем­ври 2013 го­ди­на. Нор­мал­но, ко­га во ју­ни таа 2013 го­ди­на комп­ле­ксот е све­че­но отво­рен. До хо­те­лот се стиг­ну­ва по но­ви­от из­гра­ден ло­ка­лен пат Стру­ми­ца – Поп­че­во, не­ка­де на око­лу три ки­ло­ме­три над­вор од Стру­ми­ца.

 

Стру­мич­ка­та јав­ност без за­др­шка по­со­чу­ва де­ка, се­пак, ста­ну­ва збор за биз­нис по­вр­зан со кла­нот што ја ра­ко­во­ди Стру­ми­ца по­ве­ќе од ед­на де­це­ни­ја. Но, кој е Ко­це Ри­стов­ски од Стру­ми­ца, кој во април оваа го­ди­на сво­јот нед­ви­жен имот, ка­ко и хо­тел­ски­от комп­лекс, ле­га­ли­зи­ран во 2013 година со За­ко­нот за ле­га­ли­за­ци­ја на ди­во­град­би­те, и дру­ги зем­јо­дел­ски пар­це­ли, шу­ми и де­лов­ни об­је­кти во Стру­ми­ца и во ме­ста­та поз­на­ти ка­ко Да­би­ља, Поп­че­во, Ван Град, Све­ти Или­ја, Чиф­лик, Го­ли Рид, бла­го­род­но, ка­ко што ве­лат, ѝ ги по­да­рил на сво­ја­та со­пру­га?

akt201-zaev-carevi-kuli-015-520x417

Тоа што го прив­ле­ку­ва вни­ма­ни­е­то на јав­но­ста, ко­ја се обра­ти до ре­дак­ци­ја­та „Ре­пуб­ли­ка“, е на­ве­де­но­то де­ка ста­ну­ва збор за чо­век што по за­ни­ма­ње е ра­бот­ник. Кој е тој ра­бот­ник што мо­же да отво­ри хо­тел­ски комп­лекс, а и кој е тој гра­до­на­чал­ник, чиј­што на­чин на ра­бо­та во оп­шти­на­та ѝ е поз­нат на по­ши­ро­ка­та јав­ност, да сто­ри пре­вид и да му го ле­га­ли­зи­ра об­је­ктот што не по­сто­ел во 2011 го­ди­на? Ба­рем За­ев е поз­нат ка­ко „вљу­бе­ник“ во мо­то­цик­ли­те и во дру­ги­те ска­пи играч­ки со кои не ре­тко се фо­то­гра­фи­ра на окол­ни­те рит­чи­ња над Стру­ми­ца. Притоа, според струмичката јавност објектот, всушност, припаѓа на кланот Заеви, а Коце Ристовски е само човекот којшто управува со тој имот.

zaev-carevi-kuli

akt201-zaev-carevi-kuli-016-520x337 akt201-zaev-carevi-kuli-013-520x344

Ако се пре­ба­ра по ин­тер­нет (по­втор­но) „Гугл“ пред вас ја ва­ди ме­ди­ум­ска­та ре­пор­та­жа за стру­ми­ча­не­цот Ко­це Ри­стов­ски, чи­е­што при­ват­но ло­ви­ште „Чам чиф­лик голд“ е сѐ по­прив­леч­но за стран­ски­те лов­џии.

Ба­рај­ќи, пак, спо­ред адре­са­та на чо­ве­кот, чиј­што хо­тел­ски комп­лекс За­ев го ле­га­ли­зи­ра, ка­ко и спо­ред име­то на ло­ви­ште­то, пред вас ќе се по­ја­ват не­кол­ку до­ку­мен­ти за јав­ни на­ба­вки во оп­шти­на Стру­ми­ца.

Та­ка, на при­мер, во 2012 го­ди­на , За­штит­но друш­тво за про­из­водс­тво, про­мет, по­сре­ду­ва­ње, уго­сти­телс­тво и лов „Чам чиф­лик голд“ д.о.о.е.л. екс­порт-им­порт Стру­ми­ца, со адре­са со ко­ја Ри­стов­ски го под­не­су­ва ба­ра­ње­то за ле­га­ли­за­ци­ја, до­би­ва тен­де­ри на оп­шти­на Стру­ми­ца за по­пра­вка и за уре­ду­ва­ње тро­то­а­ри ка­ко и за по­пра­вка на гра­нит на пло­шта­дот „Го­це Дел­чев“ во вкуп­на вред­ност од око­лу 1. 340.000 де­на­ри.

На тие исти до­ку­мен­ти се по­ја­ву­ва и ве­ќе поз­на­та­та ком­па­ни­ја „Три­те­рол“ од Стру­ми­ца за ко­ја „Ре­пуб­ли­ка“ ве­ќе пи­шу­ва­ше, а фи­нан­си­ска­та по­ли­ци­ја вле­зе во стру­мич­ка ад­ми­ни­стра­ци­ја во обид за рас­чи­сту­ва­ње на слу­ча­јот со уче­нич­ки­от пре­воз во оп­шти­на­та.

Или, по­втор­но, во 2014 го­ди­на, ко­га оваа ком­па­ни­ја се ја­ву­ва ка­ко единс­твен по­ну­ду­вач на тен­де­рот на ЈП Ко­му­на­лец од Стру­ми­ца, со по­ну­да за 2.724.066 де­на­ри за мер­мер и за гра­нит за 300 бро­ја спо­ме­ни­ци. Спо­ред јав­ни­от до­ку­мент, про­це­не­та­та вред­ност на до­го­во­рот или рам­ков­на­та спо­год­ба из­не­су­ва 7.000.000, од­нос­но со ДДВ су­ма­та из­не­су­ва 8.260.000 де­на­ри.

Всуш­ност, се ра­бо­ти за биз­нис­мен до­бро поз­нат и на оп­штин­ска­та ад­ми­ни­стра­ци­ја и на кла­нот За­е­ви. Гра­до­на­чал­ни­кот За­ев, кој се бо­ри за „сред­на кла­са“, соз­да­де ми­ли­о­ни отка­ко е на че­ло на оп­шти­на­та. При­тоа, нај­го­ле­ми­от не­гов про­ект по кој се пре­поз­на­ва е „Гло­бал“, слу­чај за кој со од­лу­ка­та за або­ли­ци­ја од то­гаш­ни­от пре­тсе­да­тел Бран­ко Цр­вен­ков­ски, ина­ку пар­ти­ски ли­дер на За­ев, ја из­бег­на прав­да­та во слу­ча­јот те­жок осум ми­ли­о­ни евра. И „Гло­бал“ , ко­неч­но, е ре­шен пре­ку за­ко­нот за ле­га­ли­за­ци­ја на ди­во­град­би­те.

„Гло­бал“ во Стру­ми­ца е нај­го­ле­ма­та ле­га­ли­зи­ра­на ди­во­град­ба во Ма­ке­до­ни­ја, ле­га­ли­зи­ра­на со ре­ше­ние на гра­до­на­чал­ни­кот на оп­шти­на Стру­ми­ца, Зо­ран За­ев, во сог­лас­ност со За­ко­нот за ле­га­ли­за­ци­ја ди­ви об­је­кти. Отка­ко ре­ше­ни­е­то за ре­кон­струк­ци­ја на ста­ро­то па­за­ри­ште во Стру­ми­ца, ка­де што ник­на по­ве­ќе­кат­ни­ца тр­гов­ски цен­тар, бе­ше по­ни­ште­но при над­зор од над­леж­ни­те ор­га­ни, и по си­те прав­ни ла­ви­рин­ти, пр­во­сте­пен суд, вто­ро­сте­пен, Упра­вен суд, Вр­хо­вен суд, ко­неч­но по­твр­да­та за од­би­ва­ње на упи­сот од стра­на на Ка­та­стар за ле­га­лен упис на „Гло­бал“ ста­на пра­во­сил­на, За­ев го ле­га­ли­зи­ра­ше „Гло­бал“ спо­ред За­ко­нот за ле­га­ли­за­ци­ја на ди­во­град­би­те.

Се чи­ни де­ка ре­ше­ни­е­то со кое се из­ле­зе в пре­срет на ба­ра­ња­та на ви­стин­ски сред­на­та кла­са во Ма­ке­до­ни­ја, но, се­ка­ко, за да им се по­мог­не на тие што не ни имаа друг имот освен ди­во­град­би­те, За­ев во Стру­ми­ца ус­пеа да го пре­тво­ри во За­кон со кој ги ле­га­ли­зи­ра­ше „ха­ци­ен­ди­те“ на сво­и­те бли­ски и со­ра­бот­ни­ци. Па ду­ри и ко­га таа ди­во­град­ба е из­гра­де­на по за­кон­ски­от рок.

Тоа што се­га јав­но­ста го оче­ку­ва, се­ка­ко, е др­жа­ва­та да го про­ве­ри овој, ка­ко и си­те дру­ги сом­ни­тел­ни слу­чаи на ле­га­ли­зи­ра­ни ди­во­град­би во оп­шти­на­та.