Републиканците го минаа првиот голем тест во двете клучни трки за Конгресот

Карен Хандел од Републиканската партија победник на конгресните избори во шестиот округ (AP Photo/David Goldman)

Републиканската партија на американскиот претседател Доналд Трамп го мина својот прв голем тест за расположението на гласачите, откако нејзините кандидати победија на двата посебни конгресни избори во сојузните држави Џорџија и Јужна Каролина.

Овие посебни избори се одржани малку повеќе од седум месеци откако републиканскиот кандидат Доналд Трамп ја победи кандидатката на Демократската партија Хилари Клинот на претседателските избори.

На посебните избори за Конгресот во Џорџија победи во вторникот републиканската кандидатка Карен Хендел. Демократите останаа разочарани бидејќи нивниот кандидат Џон Ософф не успеа да освои место во Претставничкиот дом кое остана испразнето поради заминувањето на Том Прајс на должноста министер за здравство.

Така местото во шестиот конгресен округ северно од Атланта остана во рацете на републиканците, бидејќи Хендел доби 53 отсто од гласовите, а Ософф 47 отсто.

Во Јужна Каролина победи Ралф Норман, исто така, кандидат на републиканците, кој се натпреваруваше за испразнетото место по заминувањето на Мик Малванеј за директор на Кат на Блата куќа за буџет. Противкандидатот на овие посебни избори за петтиот конгресен округ му беше демократот Арчи Парнел.