Републиканците, по осум години, ќе доминираат во американскиот Сенат

Републиканците, по вчерашните избори во САД, добија мнозинство во Сенатот, за прв пат во изминативе осум години, објавуваат светските новински агенции, пренесува Нетпрес.

Според управувањето во САД, онаа политичка опција која ќе спечали мнозинство во Сенатот ќе му дава насоки во работата на пртседателот. Тоа значи дека во последните две години од своето владеење, Барак Обама, кој е од редовите на демократите, ќе добива насоки од републиканците.

На вчерашните избори, одлучувачка била победата на републиканскиот сенатор Том Тилис во сојузната држава Северна Каролина, каде противкандидат му була досегашната сенаторка од редовите на демократите Кеј Хејтон. Победата на Тилис им дала на републиканците шест дополнителни места, кои им биле потребни за мнозинство во Сенатот.

izboriUSA

Републиканците победиле и во Арканзас, Колорадо, Монтана, Јужна Дакота и во Западна Вирџинија. Последното, седмо сенаторско место, го освоила кандидатката во Ајова, Џона Ернест, 44-годишна ветернка од војната во Ирак. Таа е првата жена, која ќе престатвува Ајова во Сенатот на САД.

Инаку, во американскиот Сенат има 100 сенатори, а според досегашните резултати од вчерашните избори, републиканците освоиле 52.