Републиканска сенаторка бара демократите да сведочат за досието на Трамп

Американската сенаторка Сузан Колинс, републиканска членка на комитетот за разузнавање при Сенатот, изјави дека претставниците на Демократската партија би требало повторно да сведочат за извештаите според коишто со пари на нивната партија и од претседателската кампања на Хилари Клинтон се финансирало досие во коешто се изнесуваа обвинувања за наводните врски на републиканскиот претседател Доналд Трамп со Русија.

Весникот The Washington Post изминатата седмица објави дека Марк Елиас, адвокат на неуспешната демократска претседателска кандидатка Хилари Клинтон употребувал пари наменети за кампањата за да ја изнајми „ Fusion GPS“, приватна компанија на поранешни британски разузнавачи којашто стои зад досието. Комитетите на двата дома на Конгресот го истражуваат потеклото и содржината на документите, за кои има сомневања дека се собирани во Русија.

Шефот на кампањата на Хилари Клинтон, Џон Подеста, чиј брат додека кандидатката беше државна секретарка според документите на WikiLeaks соработувал со руски компании за купување нуклеарно гориво., како и пратеничката Деби Васерман Шул, којашто тогаш беше на чело на Демократскиот национален комитет а мораше да си поднесе оставка по објавувањето на документите на партијата во кои се даваат инструкции како да се елиминира од партиските предизбори противникот на Клинтон, како и Елиас, „апсолутно мора да бидат повикани на сведочење“, изјави Колинс за емисијата „Face the Nation“ на телевизиската мрежа CBS News.

„Тешко е да се замисли дека шефот на кампањата и шефот на Демократскиот национален комитет не знаат за вака големи и значителни трошоци. А можеби тука се случува уште нешто. Но сигурно е дека двајцата сведоци мора да бидат подложени на дополнително испитување. А и адвокатот…, тој и повеќе од другите“, рече Колинс.

Американскиот претседател Доналд Трамп во серијата твитови во неделата за истрагата за наводното вмешување на Русија во американските претседателски избори во ноември 2016 година и тоа во негова полза ги отфрли уште еднаш идите за „договор со Москва“ и повика да се истражи можната поврзаност на Хилари Клинтон со Москва во фабрикувањето лажно досие за кое тврди дека е платено 12 милиони американски долари.

Медиумите претходно известија дека приврзаници на републиканецот Џеб Буш, ривалот на Трамп на републиканските предизбори, почетно платиле за истражување на споменатата компанија. Од „ Perkins Coie“, адвокатската компанија на Елиас, потврдија во четвртокот дека ја изнајмиле „Fusion GPS“.

Конзервативното онлајн издание The Washington Free Beacon, коешто го поддржува милијардерот и мегадонаторот на републиканците Пол Сингер, објави во петокот дека е изворниот финансиер на проектот „Fusion GPS“ да се соберат опозициските истражувања за многу републиканските претседателски кандидати, меѓу кои и за Трамп.

Познато како „Стил досие“, бидејќи го составил поранешниот агент на британското разузнавање на MI6, Кристофер Стил, документот идентификувал руски деловни луѓе и друг за коишто американските разузнавачки служби заклучиле дека наводно руските разузнавачи иле дека наводно работат во име на руската влада.

Пратеникот Треј Гоуди, републиканец кој е на чело на Надзорниот комитет на Претставничкиот дом за емисијата на Fox News Sunday, дека е позаинтересиран за тоа дали Федералното биро за истраги (FBI) или министерството за правосудство ги употребиле досиејата во спроведување на сопствените истраги.,

„Не очекувам дека (Демократскиот национален комитет) ќе биде објективен. Речиси по дефиниција опозициското истражување не е објективно. Следното што Разузнавачкиот комитет ќе настојува да го утврди дали се или не американската влада се потпирала на него“, рече Гоуди.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.