Решен проблемот на машиновозачите- повеќе не доцни ниту една плата

Повеќе ниту една плата не им се доцни на машиновозачите. Решен е секој проблем што го имаа дел од машиновозачите и дел од вработените, односно целиот проблем е решен. Вчера им легна и првата половина од платата. После некое извесно време сите плати се исплатени на железницата, истакна министерот за транспорт и врски Владо Мисајловски на денешната трибина „Инфраструктурна експанзија во Македонија“, во организација на Институтот Павел Шатев.

Дел од нив, рече министерот, пробаа да го испочитизираат случајот и не покажаа доволна професионалност, но со дијалог со сите Синдикати и оној што штрајкуваше излеговме со решение.

Силиката во железницата веќе е променета.

Сакам да се заблагодарам на сите оние професионалци во железница кои не подлегнаа на никаков притисок и работе за сите тие 3.000 луѓе да земат плата и тоа го постигнавме и така и ќе продолжиме. Се надевам дека ако продолжат да возат ќе имаат редовно сервисирање на платата, додаде Мисајловски.