Ресенчани неовластено продавале алкохол и енергетски пијалаци во Прилеп

Инспектори од Одделението за истраги при Царинската управа открија случај на неовластена продажба на алкохолни и енергетски пијалоци, при што е запленета поголема количина од споменатата, но и друга разна стока.

По добиена информација за нелегална продажба на алкохолни и енергетски пијалоци на подрачјето на градот Прилеп, Царинската управа презеla низа предистражни мерки и активности со цел откривање на лицата кои неовластено вршат продажба и дистрибуција на алкохолни и енергетски пијалоци без акцизни маркички и без притоа да бидат платени царинските давачки. Со примена на мерка технички надзор, односно набљудување на движење на лица и превозни средства биле лоцирани лицата В.М и Д.М од Ресен кои вршат неовластена продажба на алкохолни и енергетски пијалоци во подрачјето на градот Прилеп и биле лоцирани локациите каде се продаваат пијалоците во Прилеп.

Ресенчани неовластено продавале алкохол и енергетски пијалаци во Прилеп
Ресенчани неовластено продавале алкохол и енергетски пијалаци во Прилеп

Во средата споменатите лица биле пресретнати и стопирани на патниот правец Ресен – Битола. Во исто време, со наредба од судија во претходна постапка извршен  е претрес на дом и други простории во Ресен, при што се пронајдени:      480 парчиња од 0,25 ml eнергетски пијалак Ред Бул, 25 шишиња  од 0,5 литри коњак Скендербег, 25 шишиња  од 0,5 литри узо Корча, 7,5 литри маслиново масло, 2 шишиња ликер Менте од 0,5 литри, над 70 разни ветеринарни лекови (100 и 200 ml),  27 плински уреди и  2 плински решоа, етикети за коњак Скендербег, инсектициди, потпалувачи за оган и др.

Ресенчани неовластено продавале алкохол и енергетски пијалаци во Прилеп
Ресенчани неовластено продавале алкохол и енергетски пијалаци во Прилеп

За одземената стока е утврдено дека е без соодветни документи и истата била пуштена во слободен промет без притоа да бидат платени царинските и други давачки, согласно закон. Стоката е одземена, а по завршување на истрагата и целосно комплетирање на случајот, Царинската управа против сторителите ќе поднесе соодветна пријава.