Ресенчанец доби кривична поради крадење огревни дрва

Педесет и осумгодишниот Љ.Н. од Ресен доби кривична пријава бидејќи од местото викано „Караџо ливаѓе“ извршил кражба на огревни дрва.

Полицијата извршила претрес во домот и помошните простории на пријавениот и притоа се одземени 8,7 кубни метри огревни дрва во вкупна вредност од 60.900 денари.