Ресенчанец загина во сообраќајна несреќа

Вчера, околу 20,00 часот на магистралниот пат Битола-Прилеп во близина на с. Србци настанала сообраќајна незгода помеѓу ПМВ „Фиат Пунто“ со ресенски регистарски ознаки управувано од Гоце Т.(29) од Ресен и ТМВ-Тегнач „Рено“ со полуприколка со скопски регистарски ознаки управувано од М.Ц.(61) од Крива Паланка.

Во незгодата од здобиените телесни повреди Гоце починал, додека М.Ц. се здобил со тешки телесни повреди.