Ресенските земјоделци остро против Заев: Со СДСМ земјоделците беа граѓани од втор ред

Посетата на Заев малку нè иритира затоа што мисли дека ако сме земјоделци имаме амнезија и не се сеќаваме и не паметиме, велат денес ресенските земјоделци, пренесува Курир.

Ние знаеме во кој период ни се врати нашата гордост и достоинство, знаеме од кога можеме да кажеме дека сме земјоделци. Пред тоа бевме луѓе од втор ред. Додека на нас чекаат и мравките да произведеме нешто жито или месо за да може останатите луѓе да се прехранат, да не јадат живи луѓе, доаѓа некој тука и ни кажува дека тој сега ќе го решел проблемот со јаболкото. Каде беа досега?, прашуваат тие.

Земјоделците од Ресен велат дека знаат како Заев го решавал проблемот во Струмица со корнишоните, па не сакаат да се случи тоа кај нив.

-Ние макотрпно и чесно како земјоделци работиме и сакаме својот труд на некој начин да го уновчиме. Знаеме кој ни помага, кој ни давал регрес порано, кој ни дава субвенции, а знаеме и кој рече дека тие субвенции ќе ги намалел, па ќе ги зголемел. Луѓе кои не се озбилни ние не можеме никако да ги сфатиме. Затоа ги молиме да не прават конфузија меѓу земјоделците, дека нешто ќе направат. Ги знаеме нивните способности и нивната чесност, додаваат земјоделците од Ресен кои на лидерот на СДСМ јасно му ставија на знаење дека немаат доверба во него.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.