Решете се од маснотиите во крвта за 14 дена!

Доколку имате високо ниво на маснотии во крвта, овој лек е вистинското решение за вас!

Некогаш кај луѓето со покачени маснотии во крвта може да се забележат слоеви на масно ткиво со жолтеникава боја во облик на плочка или чворче на горниот очен капак или некои други делови на телото, а за жал во почетокот други симптоми нема.

Доколку имате наоди кои укажуваат на ова заболување топло ви го препорачуваме овој природен лек.

Начин на подготовка:

Лекот направете го одвечер, а испијте го наутро.

Земете три суви смокви и добро избоцкајте ги со чепкалки за заби од сите страни, а потоа префрлете ги во стаклен сад во кој сте ставиле 2 децилитри јаболков оцет.

Ако сте го направиле лекот навечер во 20 часот, изедете ги другиот ден изутрина околу 8 часот.

Остатокот од оцет не го фрлајте, туку во истиот јаболков оцет наредната ноќ повторно покиселете три смокви на ист на ист начин.

Двата децилитри јаболков оцет користете ги седум дена. Осмиот ден земете нови 2 децилитри јаболков оцет и постапката повторувајте ја уште една недела.

Значи, ова лекување трае 14 дена.

Со овој рецепт, воедно придржувајте се до здравиот начин на исхрана и зголемете ја физичката активност.

По половина месец од испиената доза, направете нов преглед и уверете се во лековитоста на овој лек.