Решете се од негативната енергија во вашиот дом

Ако не се чувствувате добро во вашиот дом, можеби причината за тоа се оние нешта што привлекуваат негативна енергија.

Доколку планирате да го промените ентериерот во вашиот дом, еве кои нешта би требало да ги избегнете за да се решите од негативната енергија.

Црни врати

Според кинеската филозофија на ентериерот Фенг шуи, најадекватна боја за влезната врата треба да ја изберете во зависност од страните на светот каде се наоѓа. Црната боја привлекува несреќа, доколку вратата не се наоѓа на северната страна.

Растенија со трња

Острите растенија со трња се вистински магнет за лоша среќа. Затоа не е препорачиво дома да одгледувате кактуси или било какви други растенија со трња.

Календар на погрешно место

Календарот на вратата потсетува дека животот е минлив и затоа негативно влијае врз квалитетот и должината на животот на луѓето.

Огледало наспроти креветот

Постои верување дека огледалото наспроти креветот каде спиете привлекува неповолни влијанија кои што ќе се одразат врз вашата врска или брак.

Слики од бродолом

Доколку имате впечаток дека упорно ве следи лоша среќа, време е да се решите од сликата со мотив на бродолом. Бродоломот е симбол на катастрофа, па така овие слики негативно влијаат на вашето однесување и енергија.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.