Македонија,Крими хроника

Решен случајот „Багаж“– синот го убил таткото и го ставил во куфер

Решен случајот „Багаж“– синот го убил таткото и го ставил во куфер

 

Решен е случајот „Багаж“. Се работи за убиство направено во октомври 2013 година во Хамбург, каде животот го изгуби 46-годишниот Албанец од Македонија, Амза Зекири, пренесе Курир.

Криминалната полиција го уапсила едниот од синовите на покојниот. Постариот син не се наоѓа во Германија и не се знае неговата локација.

Безживотното тело на Амза Зекири беше пронајдено на 6 февруари годинава, од страна на двајца 16-годишни случајни минувачи, спакувано во куфер.

Полицијата и порано имала индикации дека покојниот најверојатно бил убиен од блиски членови на фамилијата и затоа првостепено осомничени биле неговите двајца синови, 20-годишниот Аднан и 26-годишниот Фатмир.

Аднан е уапсен и испрашуван, при што го признал делото.

Хамбург актуел пишува дека според него, по вербален конфликт којшто го имал со покојниот татко, му го одзел животот и потоа заедно со брат му го спакувале во куферот.

Безживотното тело спакувано во куферот го однеле во Зинсдорф, северен Хамбург.

По вториот син се уште се трага.