Балкан

Решена мистеријата, конечно се знае од што се онесвестија децата во Србија

Решена мистеријата, конечно се знае од што се онесвестија децата во Србија

Учениците од основното училиште „Исидора Секулиќ“ во Шајкаш масовно се онесвестиле на 10-ти февруари поради „колективна несвесна психосоматска реакција“, како што официјално гласи дијагнозата која ја официјално ја објави Министерството за образование.

Министерот за образование, Срѓан Вербиќ истакна дека експертите ја завршиле својата работа, отфрлајќи ги причините за онесвестувањето околу кои се шпекулираше, но да остане извесен налог бидејќи до сега во праксата немало ваква ситуација која експертите ги оставила немоќни,

Дефинирајќи ја дијагнозата поради која децата паднале во несвест ставен е крај на мистеријата која траела скоро 10 дена, бидејќи ни лекарите, ниту пак полицајците не успеале да утврдат што се случило со 44-те ученици во ова училиште. Од друга страна пак, фактот дека во целата ситуација недостасуваат неколку информации бидејќи ако 20-тина деца се задржани во болница, тогаш лекарите би требало да знаат зошто ги задржале.

Професорот по физичко воспитување во ова училиште смета дека децата веројатно се онесвестиле од умор, па во последните неколку дена е поведена и расправа за тоа дали училишниот план и програма е преоптеретен и премногу стресен. Министерот Вербиќ признава дека не е направен добар баланс меѓу времето кое децата го поминуваат во училиште и материјалот кој треба да се совлада.

„Не е добро што секој контролер текст да биде стресен, тоа е проверка на знаење на основа на која се извлекуваат поуки што треба да се промени. Имаме многу ученици кои се демотивирани. Исто така, присутен е и постојан проблем со кампањското учење“, додава професорот.

Бидејќи повеќе нема причини за отсуствување од настава, шајкашките основнци од денеска повторно тргнуваат на училиште. Од сите релевантни институции побарано е официјално мислење, како и писмена изјава, па поради тоа, велат од министерството, се исполнети сите услови за безбедно одење на децата во училиште.