Македонија

ФОТО: Заврши реставрацијата на објектот МЦМ во Скопје

ФОТО: Заврши реставрацијата на објектот МЦМ во Скопје

Заврши реставрацијата на објектот МЦМ во Скопје. Проектот подразбираше активности за конзервација и реставрација како и делумна реконструкција на фасадата на објектот сместен на булеварот „Илинден“ бр.80, познат како МЦМ Скопје, заштитен како споменик на културата.

Заврши реставрацијата на објектот МЦМ во Скопје
Заврши реставрацијата на објектот МЦМ во Скопје

На денешната промоција на реставрираниот објект министерката за култура Елизабета Канческа Милевска истакна дека станува збор за проект кој е дел од Акцискиот план на Владата и Министерството за култура за обнова и конзервација на повеќе фасади од старата градска архитектура во значајните градски јадра во нашата држава. Таа се заблагодари на поддршката и конструктивноста од сопствениците на објектот, семејството на Милица Рубен за обновата на оваа значајна фасада на објектот изграден 1927 година дело на рускиот архитект Иван Артемушкин, работен во манирот на академизмот.

За време на земјотресот овој објект има претрпено голема штета, но врз основа на сите материјали на целокупната документација вратени се сите автентични делови. Инаку самиот објект е доста значаен архитектонски концепт стилски декориран со богата орнаментика, рече Канческа Милевска заблагодарувајќи се за стручноста на Центарот за конзервација и на изведувачите за стручно завршената работа, пренесе МИА.

За реставрацијата на објектот се издвоени 8,5 милиони денари, а покрај фасадата обновен е и покривот.

Заврши реставрацијата на објектот МЦМ во Скопје
Заврши реставрацијата на објектот МЦМ во Скопје

Не застануваме овде продолжуваме со оние проекти во рамки на целокупната програма. За брзо време ќе биде завршен уште еден објект на ул. Илинденска со што се завршуваат сите споменици на културата кои се заштитени, рече министерката за култура.

Директорката на Конзерваторскиот центар Скопје, Ема Петрова Николовска истакна дека во изминатите три години реставрирани се вкупно четири објекти на улицата „Илинденска“, а Центарот во моментот изработува пет проекти за конзервација и реставрација на објекти во Стара скопска чаршија кои треба да се реализираат следната година.

До 2017-та интервенција на 250 фасади на значајни објекти

Милица Рубен од име на сопствениците на куќата се заблагодари на Министерството за култура, на градот и на Конзерватотрскиот центар и ги освежи своите сеќавања од времето кога куќата била една од најубавите во градот и пленела со својата архитектура.

Заврши реставрацијата на објектот МЦМ во Скопје
Заврши реставрацијата на објектот МЦМ во Скопје

До 2017 година со проектот за обнова и конзервација на фасади во значајните градски јадра во повеќе градови во државата, се предвидува интервенција на 250 фасади од значајните споменични целини.