среда, 22 март 2017  |  Вести денес: 45

Реставрација на Алимбеговата куќа во Тетово

alimbegov kuka

Последни вести

Во Тетово во тек се активностите за конзервација, реставрација, санација и конструктивно зајакнување на Алимбеговата куќа, значаен споменик на културата од османлискиот период изграден во необарок стил, кој до 1993 година беше во функција на Медицински центар или Стара болница, соопшти Министерството за култура.

Имајќи го предвид значењето на објектот и согласно иницијативата за адаптација на куќата во современ музеј на Мехмет Паша Дерала, со поддршка на Министерството за култура, како што се наведува, се обезбедени средства за изработката на проект за конзервација, реставрација и конструктивно зајакнување на архитектурата.

Алимбеговата куќа во Тетово1

Претходно, информираат од Министерството, се извршени конзерваторско реставраторски работи на тремот и терасата од јужната страна на објектот, а во моментов стручните екипи на Националниот конзерваторски центар интензивно работат на конзерваторско-реставраторските работи и конструктивна консолидација на архитектонскиот склоп, обнова на фасадата во автентичен манир со сите стилски и декоративни карактеристики и интервенции на покривот со комплетна замена на кровната конструкција и кровниот покривач.

Активностите на архитектурата на Алимбеговата куќа во Тетово, која со специфичната декорација на фасадите, разиграната форма и одличното функционално решение, како единствен претставник на аристократска куќа изградена по примерот на Европа, треба да бидат завршени до крајот на годинава, соопшти Министерството за култура.

Најчитани вести