Македонија

Реставрирана куќата на Калеш Анѓа

Реставрирана куќата на Калеш Анѓа

Црнооката (Калеш) Анѓа родена Македонка која го цени своето потекло која никогаш не би се откажала од својата вера, потпрена врз својата чест и моминска храброст Анѓа е против потурчувањето, голем грев и е сторен на нашата Анѓа… Калеш Анѓа родум од Старавина, и денеска се раскажува тажната приказна со среќен крај за неа.

Трајко Стојановски од Старавина вели по кажувањето Била многу убава имала брат близнак кој бил грабнат од турците и школован во Цариград кога ја грабнале турците Анѓа и ја извеле пред нејзиниот брат се познале по белегот.

Нејзината куќа и ден денес стои во Старавина и сведочи за времето кога таа живееше. За објектот автентично да остане, но и да го победи забот на времето со прекуграничен проект Новаци, преку ИПА програмата на ЕУ се погиржи куќата да ја реставрира автентично каква што е под лупата на експертите од битолскиот Завод и музеј, по примерот на  нашето градителство каде се санира кровната конструкција, меѓукатниот простор и ѕидовите, камено градителство карактеристично за Мариово кое има за цел да биде зачувано за идните генерации.

Зоран Алтипармаковски виш конзерватор од Заводот и музеј Битола вели тука е скоро завршена работата

Овој објект е типичен за селската рурална средина на Мариово има претсобје и други простории за посетители, автентичниот изглед е предуслов при реконструкцијата се мора да биде како што било

Некогаш можеби била со камени плочи покриена но ние во ваква фаза ја затекнавме и така ја реставрираме додава Алтипармаковски.

Ревитализацијата на куќата на Калеш Анѓа е само еден од трите објекти кои треба да бидат готови до крајот на 2014.