Рестрикции на струја во Сарај, Карпош, Шуто Оризари, Центар и Аеродром

Во општина Сарај без електрична енергија ќе останат корисниците од село долна Арнакија во период од 09:30 до 15:00 часот, во време од 09:00 до 15:00 часот корисниците од ул. Багдатска  бр. 36 и дел од ул. Борка Талевски во општина Карпош,  од 09:30 до 15:00 часот  корисниците од улиците Дринска, Виничка, Вашингтонска и Нов Живот во општина Шуто Оризари, од 08:30 до 12:30 часот корисниците од ул. Загребска и реонот околу Детска болница Козле во општина Центар, од 11:00 до 15:00 часот корисниците од ул. Урош Џудовиќ и ул. Будимпештанска во општина Карпош и од 09:00 до 11:00 часот корисниците од ул. Врполе во општина Аеродром.