Спорт

Ретроспектива на четирите пролетни турнири на Вардар јуниор лигата

Ретроспектива на четирите пролетни турнири на Вардар јуниор лигата
Ретроспектива на четирите пролетни турнири на Вардар јуниор лигата
Водени од мислата дека децата се нашето најголемо богатство и дека на нив им припаѓа иднината, ФК Вардар, претстојнава пролет е максимално посветен на фудбалскиот развој кај младите таленти, кои вредно тренираат во нашите младински категории, ширум државата.

Поради велигденските празници, најмладите надежи овој викенд паузираат. До сега тие одиграа четири кола на Вардар Јуниор лигата, низ три градови во државата. Станува збор за Скопје, Штип и Охрид, а до крајот на овој пролетен дел преостанува уште едно коло кое дополнително ќе се објави каде ќе се игра.

Со одржувањето на првиот турнир во Скопје, официјално беше означен почетокот на пролетната полусезона во Вардар Јуниор лигата. На премиерниот пролетен турнир успешно деби имаа и четирите нови екипи Рудар Јуниор од Пробиштип, Борец Јуниор од Велес, Ново Лисиче од Скопје и ФК Прилеп, каде што нивните генерации ги впишаа и првите победи во Јуниор лигата на најтрофејниот македонски фудбалски клуб.

По, Скопје, следеше вториот пролетен турнир кој се одигра во градот под Исарот, каде што домаќин беше тимот на Мал Ајакс – Вардар. На истиот турнир настапија регионалните единици од источниот регион и младинските екипи на Вардар со генерациите 2003, 2004 и 2006.

По натпреварите во Скопје и Штип, Вардар Јуниор се пресели во Охрид. На третото пролетно коло, на кое домаќин беше екипата на Евро фудбал 2 – Вардар, играа тимовите на ФК Вардар, ФК Ново Лисиче и ФК Спортефе од Скопје, како и ФК Прилеп од истоимениот град и ФК Евро фудбал 2 – Вардар од Охрид. Овие клубови ги одмерија силите меѓу себе со генерациите на деца родени од 2003 до 2006 година.

Четвртото пролетно коло, воено и последно до денес се одржа повторно во Скопје. На терените на Академијата на Вардар настапија четирите екипи на ФК Форца – Вардар од Скопје, ФК Ново Лисиче од Скопје, ФК Еуроспорт – Вардар од Куманово, како и ФК Вардар со по две генерации, односно 2003 и 2004 година. Се одиграа вкупно осум натпревари, на кои нашите млади фудбалски надежи постигнаа вкупно 54 голови.