Ретроспективна изложба на плакати на КИЦ во Софија

Културно-информативниот центар на Република Македонија во Софија оваа година одбележува 10 години постоење и јубилејот ќе го одбележи со ретроспективна изложба на плакати од настани кои ги организирал во изминатата деценија.

Изложбата, со која официјално ќе почне годишната, јубилејна програма за 2015, ќе биде отворена вечер во 18.30 часот во просториите на КИЦ-от во бугарската престолнина.

Културно-информативниот центар на РМ во Софија работи од 27 април 2005 година. Во изинатите 10 годиние бил организатор или партнер во организација на преку 350 културни настани во Софија и во други градови во Бугарија.

На првата од серијата изложби на ретроспективни плакати кои се дизајнирани од ликовниот уметник Иво Пецов, директорот на КИЦ на РМ во Софија Васко Шутаров ќе ја претстави и Програмата за 2015 година.