Реваншизмот и аматеризмот продолжуваат: Владата на СДСМ го разреши Дејан Јовановски од функцијата директор на Спортската Академија, и на негово место назначи професор по историја

СДСМ не простува успех и придонес за Македонија. Поранешниот кошаркарски интернационалец, поранешен генерален секретар на Македонската кошаркарска федерација и директор на КК „Работнички“, Дејан Јовановски, е разрешен од функцијата директор на Спортската академија, а на негово место е поставен професор по историја, од истото училиште.

Смената на Јовановски, кој инаку многу успешно ја водеше Спортската академија, доаѓа неколку дена по неговото именување за член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ и може да се толкува единствено како доказ на реваншистичките политики и партиски чистки на СДСМ водени по методот „вработување од чистачка до директор“ само на партиски војници, како што најави Зоран Заев дека ќе функционира откако ќе дојде на власт.

Нема ништо од најавите на Владата на СДСМ за професионализам и интересирање за успех на институциите, туку само интерес за инсталирање на послушници и „заслужни“ војници како примерот со т.н. невладини активисти, кои денес заборавија на принципите на невладиниот сектор и беа експресно вработени во Владата на Заев.

Во Спортската академија, која ја раководеше Дејан Јовановски меѓу другите продефилираа и фудбалери од генерацијата која се пласираше на Европското првенство во Полска за играчи под 21 година, како и младите ракометари кои постигнаа огромен успех со освојувањето на шестото место на младинскиот ракометен мундијал во Алжир. Во Спортската академија, исто така, учат и тренираат и ракометарките од младинската репрезентација која во моментов игра на Европското првенство за јуниори во Словенија.

Инаку, вакво нешто не му се случува прв пат на Јовановски, туку ова за него е веќе втора политичка смена. Имено во 2013 година, градоначалникот на скопската општина Центар, Андреј Жерновски, го разреши од фукнција во КК Работнички.

На местото на Дејан Јовановски во Спортската академија доаѓа професор по историја, кој, како што се шегуваат по социјалните мрежи, ако не за спорт и спортски успеси, ќе ги учи младите спортисти за заедничката историја со Бугарија според новите насоки после договорот кој Владата на Заев го потпиша со официјална Софија.

Новиот директор историчар ја воведе и првата новина во Спортската академија – веб сајтот на академијата веќе неколку дена не е достапен, или во спортски речник кажано – замина во историјата.

Sportska-akademija-sajt