Револт и разочараност и во гостиварското СДСМ

По расправиите и отворените препукувања во струмичките социјалдеморкати, и во Општинскиот одбор на СДСМ во Гостивар во четвортокот кулминираше хаосот во базата, на виделина излесе разочараноста на членството и револтот кон централата, јавно оградување од кадровската политика на Зоран Заев и Алескандар Кирацовски

Се случува општ хаос во базата на СДСМ, а резултатот е масовно разочарување на членството на СДСМ. Последен е примерот со Општинската организација (ОО) СДСМ Гостивар, во која кулминира незадоволството од именувањето на Славе Арсоски за директор на ЈП Водостопанство на Република Македонија. Оваа реакција е само една од многуте реакции на најновите кадровски решенија на централата во Скопје, како и кадровската политика што ја водат премиерот, Зоран Заев и генералниот секретар на СДСМ, Александар Кирацовски.

gostivar-640x1092

„ОО СДСМ Гостивар го известува своето членство дека Славе Арсоски поранешен претседател на ОО СДСМ Гостивар и пратеник од редовите на СДСМ во периодот од 2002-2006 год, од 2006 год. е член на НСДП. Во период од 2006-2008 кога НСДП коалицира со ВМРО-ДПМНЕ истиот е поставен на истата функција како денес односно директор на ЈП Водосттопанство на РМ. ОО СДСМ Гостивар од првиот момент на сознаније дека НСДП го спрема истиот како кадар за погоре наведеното место реагираше кај структурите од НСДП како на локално така и на Централно нив меѓутоа истите не ги послушаа нашите сугестии. Од тие причини ОО СДСМ Гостивар се оградува од назначување на Славе Арсоски за директор на ЈП Водостопанство на РМ“, се вели во реакцијата на ОО СДСМ Гостивар објавена на социјалните мрежи.

Минатиот петок централата од Скопје нареди мир во струмичкото СДСМ. Меѓутоа, очигледно дека станува збор засега само привидно затишје на нараснатите меѓусебни нетрпеливости. Љубинка Вета и Наќе Гогов, двајцата советници од СДСМ во Советот на општина Струмица изминатите денови отворија жестока меѓусебна војна на социјалните мрежи, проследена со навреди и закани поради директорското место во струмичката болница, но по наредба од централата од Скопје на заедничка вечера е склучен привиден мир.

Од една страна р докторот Јане Араников, познат струмички анестезиолог кој ужива голема доверба и почит меѓу своите сограѓани, и меѓу своите сопартијци. Тој бил прв предложен и едногласно од Општинскиот одбор на СДСМ во Струмица прифатен како најпогоден кандидат за директор во струмичката болница. СДСМ од Струмица стоеше зад Јане Араников, кој беше поддржан од актуелните пратеници на СДСМ, Катерина Кузмановска и Коста Јаневски. Поради тоа, Араников ја добил и поддршката на актуелниот премиер Зоран Заев, поранешенен прв човек на оваа општина и веќе било извесно дека тој ќе биде новиот директор на Јавната здравствена установа Општа болница Струмица.

Но, во меѓувреме докторот Наќе Гогов, невролог и исто така влијателен во редовите на струмичките социјалдемократи, почнал да пројавува амбици за истата функција и да работи преку партиски познанстава и линии за да го обезбеди директорското место за себе.

Во неговото настојување да издејствува поддршка за прв човек на струмичката болница, според наши добро упатени извори од СДСМ, најголемата улога ја одиграла, медицинската сестра Марија Витанова, многу блиска на Гогов. Всушност, таа дејствувала преку својот син Крум Смилков, поранешен менаџер на неколку популарни диско клубови во Струмица, а кој од пред извесно време му станува советник за земјоделие на новиот министер Љупчо Николовски. Токму оваа спрега со министерот за земјоделие придонесува за разгорување на војната меѓу Вета и Гогов, која што се прошири на социјлните мрежи, а беше проследена со меѓусебни обвинувања за бизниси, алчност, лакомост, егоизам, мизерен карактер и препорака за дијазепами, но и забелешки од страна на многу активисти и симпатизери на СДСМ од Струмица.

Одлуката и препораката на општинската организација од Струмица за доктор Араников, сепак, беше сменета од централата на СДСМ, како што рековме, со поддршка на министерот Љупчо Николовски, кој повеќепати, изминатиов период, престојуваше во Струмица, во врска со проблемите со откупот на бостанот, но очигледно и активно се вмешл во кадровската политика, по што Гогов е поставен за директор на болницата.

Oткако разгорените страсти за власт протекуваат до јавноса и медимумите, централата на СДМС е принудена да се обидува да посредува во расколот и наредува да биде демонстрирно единство во партиските редови во Струмица, особено сега во периодот на подготовките за многу важните локални избори во октомври.

По интервенцијата на централата од Скопје, на социјалната мрежа Фејсбук се појави фотографија на која се гледа како двете раскарани струи на СДСМ седат на заедничка маса во ресторан и заеднички го слават и му го го честитаат директорското место на шеесет и четиригодишниот Наќе Гогов. Постовите, пак, кои ги напишаа на Фејсбук, и во кои се навредуваа и напаѓаа едни со други, струмичките сдсмовци ги избршиаа, најверојатно по наредба на централата на партијата.