Револт во СДСМ од кадровските решенија на Заев

ранешната новинарка од А1 телевизија и пратеничка, Ленче Николовска, до последен момент биле кандидатките на Заев за дополнителното заменичко место во министерството за земјоделие. Сепак, лидерот на СДСМ, за оваа позиција се одлучил за својот шеф на кабинет, Љупчо Николовски, со единствено образложение дека тој ја имал привилегијата да ги слуша таканаречените „бомби“ и заради тоа бил повеќе квалификуван да ја обавува функцијата.

Димитриевски и Прентовиќ, во знак на револт ја напуштиле вчерашната седница на Централниот одбор на СДСМ, за да го избегнат гласањето за кадровските решенија. Според висок партиски извор, не помало било незадоволство и за кандидирањето на Фросина Ременски за министер за труд и социјална политика, на која не можело да и се заборави што била потпретседател на Светскиот Македонски Конгрес на Тодор Петров, и како увезен кадар многу лесно и брзо се искачила на највисоките партиски скалила.

Истовремено, претседателот на СДСМ, Зоран Заев се обидувал да ги намали очекувањата на членството, кое сметало дека сега е моментот да се вработи или да добие по некој тендер во министерствата каде СДСМ ќе има свои кадри, бидејќи јавно се говорело дека партијата не е приватна фирма на лидерот и неговите најблиски соработници, па само тие да ги уживаат привилегиите од влезот во Владата на ВМРО ДПМНЕ.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.