Резервниот напаѓач на Јувентус доби три понуди

Агентот на резервниот напаѓач на Јувентус, Фабио Кваљарела потврди дека неговиот клиент веќе има добиено три примамливи понуди.

Интерес за 31-годишниот напаѓач покажале челниците на Парма, Лацио и Самдорија, но Кваљарела ќе потпише за тој клуб кој му гарантира статус на стандаредн првотимец.

Поранешниот напаѓач на Наполи ќе добие зелено светло за промена на клупската средина само доколку официјалната понуда за неговите услуги не биде помала од 5 милиони евра.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.