„Режимот“ финансиски го поддржа синот на Бранко Героски

Опозициските пера, кои ја користат секоја можност да ја оцрнат власта како фашистичка и недемократка, сепак, одат против своите принципи (ако воопшто ги имаат), и немаат ништо против кога овој „режим“ финансира нешто што е нивни личен интерес.

Имено, раководителот на опозицискиот портал „Плусинфо“ и главен уредник на СДСМ-овското гласило „Слободен печат“, Бранко Героски, за кого оваа власт треба да падне по секоја цена, веројатно за првпат е на иста бранова дожина со Министертсвото за култура, кое го спонзорира издавањето на книгата на неговиот син, Костадин Героски.

За оваа цел, авторот од „фашистичкото“ министерство добил 143.000 денари. Но, кога станува збор за пари, очигледно кај најгласниот опозициски новинар сите врати се отворени.

umetn

Информација за промоција на романот „Смртта на уметноста“ на Костадин Героски, што ќе се случи утре во 20 часот во киното „Фросина“ во Скопје, ја објави порталот „Плусинфо“, а на крајот од текстот се споменува дека издавањето на книгата е финансиски помогнато од Министерството за култура.

Не навлегувајќи во вредноста на ова уметничко дело, за што  без сомнение веројатно има подлога штом добива пари од државно министерство, се поставува прашањето како толку брзо Героски ги погазува сите досега изнесени ставови околу криминалот што наводно го правело ова министерство, особено со проектот „Скопје 2014“, а сега, кога неговиот син добива пари оттаму, се е добро и беспрекорно, и се разбира, парите се дадени на вистинскиот автор?