Режисерката на „50 нијанси на сивата“ даде отказ

Режисерката Сем Тејлор-Џонсон соопшти дека се откажува од снимањето на продолженијата на хит филмот „50 нијанси на сивата“.

– Работењето на еден таков филм беше интензивно и неверојатно патување на кое посебно сум благодарна. Морам да му се заблагодарам на „Јуниверзал“ за тоа. Воспоставив блиски и трајни односи со актерите, продуцентите и екипата, а особено со Дакота и Џејми. Сепак нема да се вратам на местото режисер на преостанатите две продолженија, а на мојот наследник му посакувам многу среќа и успех, изјави Тејлор-Џонсон за „Ју-Ес Викли“.

Режисерката во интервјуто искрено призна дека и било многу тешко да работи со авторка на книгата Е.Л. Џејмс.

– Нема да лажам, со неа беше тешко да се работи. Секогаш се боревме, но тоа беа креативни борби кои на крајот ги решававме. Јас не сум конфликнта личност, но беше тешко да се најде решение кое би не задоволило двете: нејзината визија за она што го напишала и мојата како режисерка, изјави Тејлор-Џонсон.

Кој ќе дојде на нејзинио место засега не е познато, а останува и прашањето кои актери ќе ги играат главните ликови во продолженијата, бидејќи Дакота Џонсон и Џејми Дорнан бараа поголеми хонорари, што не наиде на позитивни реакции кај продуцентите.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.