Режисерот Питер Џексон донирал авион за потрагата по малезискиот авион

Режисерот на трилогијата „Господар на прстените“ и „Хобит“, Питер Џексон, го донирал својот авион „галфстрим Г650“ за потрагата по исчезнатиот малезиски авион.

„Галфстрим Г650“ достигнува максимална брзина од 1.140 километри на час и може да помине 13 илјади километри со едно полнење на резервоарот со гориво.

Авионот на летот „МХ370“ на малезиската авиокомпанија се изгуби од радарот на 8 март само еден час по полетувањето од Куала Лумпур за Пекинг. Во него имало 227 патници и 12 члена на екипажот. Авионот мистериозно исчезна и оттогаш по него интензивно трагаат екипи од дури 26 земји.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.