Режисерот Џанкарло дел Монако повика на правда за Дурловски (ВИДЕО)

Не стивнува поддршката што ја добива оперскиот првенец Игор Дурловски, кој е во притивор од 5 декември, поради настаните вод 27 април во Собранието. Интелектуалци, професори и уметници со кои соработувал во годините плодна кариера и како оперски печај и како директор на МОБ, повикуваат на разум и праведност во случајот на Дурловски.

Џанкарло дел Монако е еден од најпознатите режисери во светот, син на легендарниот тенор Марио дел Монако, кој во Скопје ја постави операта „Турандот“ во времето кога на чело на МОБ беше токму Дурловски.

Утрово и тој испрати видеопорака во која побара правда за Дурловски.

Јас сум Џанкарло дел Монако. Барам правда за Игор Дурловски. Го познавам Игор Дурловски многу добро. Тој е прекрасна личност, татко, сопруг и пријател, и беше многу, многу добар директор на Операта во Скопје. Верувам дека е затворен без никаква причина. Барам правда за Игор. Мислам дека во Европа нема можности за земји кои не ги почитуваат човековите права. Поради тоа, протестирам против она што се случува со Игор Дурловски.

Ре­жи­се­рот Џан­кар­ло дел Мо­на­ко на сце­на­та на Ма­ке­дон­ска­та опе­ра и ба­лет ја по­ста­ви „Ту­ран­дот“. Дел Мо­на­ко де­би­ти­ра на опер­ска­та сце­на во 1965 го­ди­на, ко­га во Си­ра­ку­за ја по­ста­ви „Сам­сон и Да­ли­ла“. Не­го­ви­те опер­ски про­дук­ции се по­ста­ву­ва­ат на­се­ка­де низ све­тот, на сце­ни­те во Бер­лин, Мо­на­ко, Ви­е­на, Ци­рих, Бар­се­ло­на, Ма­дрид… Ре­жи­ра и на сце­на­та на њу­јор­шка­та опе­ра „Ме­тро­по­ли­тен“, ка­де што де­би­ти­ра во 1991 го­ди­на. До­бит­ник е на ни­за зна­чај­ни опер­ски на­гра­ди за сво­и­те ре­жи­ски ви­ду­ва­ња на нај­поз­на­ти­те му­зич­ко-сцен­ски де­ла.