недела, 28 мај 2017  |  Вести денес: 2

Резултати од државната матура до 15 јули

matura1

Последни вести

За десеттина дена или најдоцна на 15 јули ќе бидат објавени резултатите од државната матура, еден месец откога учениците од завршните години го полагаат третиот предмет предвиден со концептот: физика, хемија, биологија, бизнис, историја, филозофија или естетика велат од Државниот испитен центар.

Незадоволните учениците  од оценките ќе имаат можност да поднесат приговор до училишната комисија,кој пак, ќе ги чини 1000 денари. Оние кои нема да се жалат, оценките ќе им се сметаат за конечни. Со испитот на зрелоста беа опфатени близу 17 илјади матуранти, тестирани беа по задолжителниот предмет мајчин јазик како и по предметот математика или странски јазик во зависност од изборот на ученикот. Надлежните рекоа дека тестирањето се спроведе без проблеми, со оглед на тоа дека  е деветта година како се полага матура.

По завршувањето на екстерното тестирање  пак, за учениците од четврто одделените до трета година средно до Државниот испитен центар  поднесени  биле 1.824 приговори, односно приговарано информираат оттаму е на 0,5% од тестовите. Прифатени се  18,4%, делумно прифатени  се 21,2% од приговорите,  додека  60,4% биле  неосновани.

Најмногу приговори 1.000 поднесени се за предметите: математика, македонски, информатика, биологија и природни науки, a најчесто ученици се жалеле дека  им недостасува 1 или 2 бода за петка. Прашањата за кои е констатирано дека се проблематични од технички или содржински карактер, а поради кои беа и усвоени дел од приговорите, ќе бидат избришани од базата на прашања соопштија од ДИЦ.

Оправдано отсутните ученици како и оние кои поради технички проблеми во училиштата не биле во можност да го завршат успешно тестирањето ќе бидат тестирани во августовската сесија , на 19 и 22 август.

Најчитани вести