Резултати од Ново Лото и на мобилен телефон

Годинава, Државна лотарија на Македонија работеше на воведување поволности за играчите на НОВОЛОТО И ЛОТО5.

За сите кои не се во можност да ги проверат резултатите од игрите на среќа НОВОЛОТО и ЛОТО, а се корисници на мобилна телефонија од сите мобилни оператори во Македонија, ја воведовме услугата СМС ИНФО ЛОТО. Услугата им овозможува на играчите да ги добиваат извлечените броеви на својот мобилен телефон по реализација на извелкувањето.

Сите кои сакаат да ја користат оваа услуга, треба да се најават со испраќање на смс порака на борјот 142 152 (без префикс). Играчите на НОВОЛОТО треба само еднаш да испратат смс порака со текст НОВОЛОТО (споено), па по завршувањето на секое коло ќе ги добиваат извлечените броеви во последното одржано извлекување на НОВОЛОТО и НОВОЛОТО ЏОКЕ, како и очекуваниот фонд на премиите за наредното коло НОВОЛОТО и НОВОЛОТО ЏОКЕР.

Цената на една порака е редовна цена од 5 денари плус ДДВ.