Резултати – втор ден од Светско сениорско карате првенство

На вториот ден од Светското првенство за сениори за Македонската репрезентација настапија Симона Заборска, Емил Павлов, Тодор Ристески и ката тимот во состав: Пулексенија Јованоска, Мишела Димоска и Маријана Димоска.

Емил Павлов прво коло победа над репрезентативецот на Јордан, Исмаил Кналед 3:3 и изјаснување на судиите, второ коло победа над Србија, Марко Антиќ 1:0, трето коло победа над репрезентативецот на Хонг конг, Ли чун Хо, четврто коло победа над репрезентативецот на Франција, Агоудил Софиане. Во петото коло беше поразен од репрезентативецот на Бразил, Брос Даглас со резултат 0:0 и изјаснување на судиите. Емил ќе се бори за бронзен медал во сабота со репрезентативецот на Русија Евгениј Плакнутин.

Симона Заборска прво коло победа над репрезентативката на Колумбија Уранго Стела, со резултат 0:0 со изјаснување на судиите, второ коло победа над репрезентативката на Парагвај, Зорила Лопез Луцијани Матилде со 3:0. Трето коло пораз од Репрезентативката Сара Кардин од Италија, со резултат 0:1 и во репасаж пораз од репрезентативката на Украина, Мелнук Жана со 1:1 и изјаснување на судиите. Симона се пласира на деветото место.

Тодор Ристески прво коло победа над репрезентативецот од Алжир, Пинзас Јулиан со 1:0 и пораз од репрезентативецот на Италија Мауро Скогнамиглио со резултат 0:5.

Женскиот ката тим во состав Пулексенија Јованоска, Мишела Димоска и Маријана Димоска прво коло победа над  Данска со 5:0, второ коло победа над  Хрватска со 3:2. Трето коло пораз од репрезентацијата на Виетнам со резултат 1:4.

Денес ќе настапи машкиот кумите тим.