Резултатите од истрагата за падот на Шумахер ќе бидат познати во среда

Резултатите од истрагата за падот на Михаел Шумахер на скијање во Франција минатата недела, кога седумкратниот светски шампион во Формула 1 се здоби со тешки повреди на главата, ќе бидат соопштени во среда, соопшти денеска француското јавно обвинителство.

Членови од семејството на Шумахер на француските истражни органи ја предале камерата од кацигата, која што тој ја носел додека скијал, а која може да открие нови детали од несреќата.

Портпаролката на Шумахер, Сабина Кан, не сакала да ја коментира неговата состојба, која претходно ја оценила како „критична, но стабилна“.