РФМ ги исплати премиите на ракометарите

Македонските ракометни репрезентативци ги добија премиите за обезбедувањето на пласман на Светското првенство во Катар во 2015 година. Управниот Одбор на РФМ на избраниците на Ивица Обрван им вети премија во вкупен износ од 30.000 евра, како дополнителна мотивација да се слави над јужниот сосед и да се задржи континуитетот од настапи на големите натпреварувања.
Парите беа префрлени на сметките на ракометарите, кои следните репрезентативни обврски ќе ги имаат во октомври, на почетокот од квалификациите за ЕП 2016.
Црвено – жолтите ќе биде дел од групата Б на претстојниот светски шампионат во Катар, каде за противници ќе ги има Хрватска, БиХ, Австрија, Иран и Тунис.