Спорт

РФМ ги награди ракометарите со 30.000 евра

РФМ ги награди ракометарите со 30.000 евра

Управниот одбор на Ракометната федерација на Македонија (РФМ) ги награди ракометарите со премија од 30.000 евра за освоеното 10.место на Европското првенство во Данска.

Претседателот на РФМ, Живко Мукаетов го оцени пласманот во Данска како успех, со оглед на се што и се случуваше на репрезентација со повредени играчи, кои имаа голема желба за подобар резултат.

„Мора да констатираме дека кога се’ ќе се земе во предвид дека имавме успесшен резултат во Данска. Целта ја остваривме со пласманот во вториот круг и фактот дека бевме носители во баразхот за СП. Не е тајна дека имавме огромна желба и за подобар резултат, но ете некои околности  не спречија во тоа, истакна првиот човек на РФМ.

Управниот Одбор на РФМ одлучи да го награди со 60.000 денари и селекторот на кадетската репрезентација Александар Јовиќ по обезбедениот пласман на Европското првенство  за кадети кое летово ќе се одржи во Полска.