Спорт

РФМ побара од ЕХФ и Вардар да игра во ЛШ

РФМ побара од ЕХФ и Вардар да игра во ЛШ

Ракометната федерација на Македонија, и официјално аплицираше до Европскатаракометна федерација ЕХФ со барање и вицешампионот РК Вардар да игра во Лигата на шампионите во следната натпреварувачка сезона.

Од РФМ доставиле допис до Европката куќа на ракометот за место и за „црвено-црните“ во европската елита следната сезона. Новиот шампион, пак, екипата на Металург веќе е во групната фаза од ова натпреварување.

Од ЕХФ до крајот на месецот треба да донесат одлука околу тоа кој би ја добил посакуваната вајлд карта за настап во Лигата на шампионите, и дали ќе се добие директен пласман во најквалитетното европско натпреварување, или пак сето тоа ќе се изведе преку бараж натпревари за пополнување на бројот на клубовите учесници.