Албански државјани ловеле риба со мрежа во Македонија

Гранични полицајци вчера фатиле албански државјани кои со мрежа ловеле риба на македонска територија.

Во чамецот имало три лица, меѓу кои и петгодишно дете. Откако забележале дека полицајците им се приближуваат, во езерото ги фрлиле рибарските мрежи и се упатиле во правец на државната граница кон Албанија.

Од страна на полицијата, на околу 1.500 метри од државната граница,  чамецот бил запрен при што во него биле затеканти Ј.Ш.(21), Д.Б.(18) и едно 5 годишно дете сите од Албанија. Од извршениот преглед во чамецот бил пронајден риболовен алат и девет парчиња риба (5-пастрмка и 4-белвица со вкупна тежина од 1.400кгр.) Од Ј.Ш., со потврда за привремено одземени предмети одземено е метално кајче и пента за истото.

Лицата биле предадени на полицајците од „Франгово“ за понатамошна постапка.